Регион
Во Србија повеќе од 4.800 новозаразени од коронавирус, 39 починати
Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.910 лица на коронавирус, од кои 4.826 биле позитивни, а починале 39 лица.
Во моментот има 299 пациенти на апарати за дишење, а 7.641 пациент во болниците.
Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани вкупно 610.232 случаја на корона, а бројот на смртни случаи е 5.384.
Досега се тестирани вкупно 3.458.046 примероци.
Нова седница на кризниот штаб ќе се одржи денес во 16 часот кога ќе се одлучи дали постојните мерки ќе останат во сила или ќе има мало опуштање.
Премиерката Ана Брнабиќ најави дека ќе се разгледа потенцијално олеснување на мерките бидејќи може да се забележи стагнација во бројот на новозаразени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсен 19-годишниот напаѓач во хрватското учлилиште, обвинет е за 45 кривични дела
Деветнаесетгодишникот кој е осомничен дека убил седумгодишно момче и тешко ранил уште три момчиња и наставничката во загрепското основно училиште „Пречко“, денеска е уапсен, соопшти загрепската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека младиот човек е приведен откако претходно го завршил лекувањето во болница поради самонанесени повреди и дека е осомничен за сторено тешко убиство и вкупно 45 кривични дела, пренесе „Индекс“.
Осомничениот од Клиничката болница „Свети Дух“ бил префрлен во Психијатриската клиника „Врапче“, а откако психијатрите утврдиле дека е способен за полициски распит, бил пренесен во зградата на криминалистичката полиција за прв пат, се вели во извештајот на „Јутарњи лист“.
Претходно беше соопштено дека 19-годишникот и порано бил лекуван на Клиника за психијатрија, а за да се провери дали има недостатоци во лекувањето, хрватското Министерство за здравство испратило контрола во институцијата, а наодите се очекуваат оваа недела.
На 20 декември околу 9 часот и 50 минути тој убил дете, а повреди наставник и неколку ученици во загрепското основно училиште „Пречко“.
Регион
Девојка го обвини Милан Калиниќ за напад, тој тврди дека не знае за што се работи
Девојка го пријавила српскиот водител и актер Милан Калиниќ за физичко насилство. Според достапните информации, полицијата на 29 декември околу полноќ добила пријава, а девојката изјавила дека актерот ја нападнал по кратка расправија.
Како што пишуваат српските медиуми, девојката тврди дека Калиниќ ја удрил со тупаница во главата. По пристигнувањето во станот во кој се случил инцидентот, полицијата утврдила дека актерот веќе го напуштил местото на настанот.
Според информациите објавени во медиумите, девојката била удрена додека седела на стол, удирајќи ја во десната слепоочница, при што добила модринка под окото. Во полиција изјавила дека сама ќе побара лекарска помош.
Јавниот обвинител на обвинителството во Белград бил информиран за инцидентот и наредил собирање на потребни докази и итна проценка на ризикот согласно Законот за спречување на семејно насилство. Со проценката е утврдено дека постои непосредна опасност од семејно насилство, поради што на актерот му е изречена итна забрана за контакт и приближување кон жртвата.
На медиумите им се обрати Милан Калиниќ кој изјави дека не знае за што се работи.
„Ја знам девојката, ги видов иницијалите, но не ги разбирам овие наводи. Никого не сум допрел ни со прст. Се е во ред, не знам за што се работи. Можно е ова да е поврзано со моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, но не знам што друго би можело да биде во прашање“, рече тој.
Регион
„За нив доживотна е премалку, сето ова можеше да се спречи“: родителите на убиените деца во „Рибникар“ по пресудата
Родителите на момчето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ денеска беа прогласени за виновни и осудени на вкупно 17 и пол години, Владимир Кецмановиќ на 14 години и 5 месеци затвор, Миљана Кецмановиќ на 3 години, инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за лажно сведочење а Анѓелко Аќимовиќ, ја коментираа пресудата.
Владимир и Миљана заслужуваат доживотен затвор и сето тоа можело да се спречи, оценува тој.
За пресудата зборуваше и главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Ненад Стефановиќ кој рече дека е задоволен од пресудата што денеска им беше изречена на родителите на детето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден чувал во основното училиште „Владислав Рибникар“ и ранил уште пет деца и наставник по историја, иако, како што рече, оваа пресуда не може да ги замени трагичните последици од ова злосторство.
„Ја докажавме вината на родителите и дека нивното грубо запоставување на детето и неправилно ракување со оружјето е причина за оваа невидена трагедија. Посебно ме радува што судот и Владимир и Миљана Кецмановиќ ги осуди на максимална казна за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице“, нагласи Стефановиќ.
Но, тој смета дека и за другите обвинети се соодветни максималните казни за кривичните дела за кои се обвинети, имајќи ја предвид тежината на последиците од неговите постапки.