Македонија
35 починати и 734 новозаразени од Ковид-19
Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 313, Битола – 75, Куманово – 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница по 10, Кичево и Неготино по 9, Ресен – 8, Берово – 4, Радовиш, Делчево и Валандово по 3, Свети Николе, Богданци и Дојран по 2 и по еден во Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод.
Регистрирани се 621 оздравени пациенти од Скопје – 330, Кавадарци – 40, Велес – 37, Тетово – 29, Штип – 25, Неготино – 21, Гостивар – 19, Битола – 18, Гевгелија – по 14, Куманово и Кочани по 13, Демир Капија – 10, Пробиштип и Кичево по 9 , Свети Николе – 8, Берово – 7, Пехчево – 6, Ресен – 4, Богданци – 3, Прилеп и Кратово по 2 и по еден во Виница и Демир Хисар.
Пријавени се вкупно 35 починати лица – 12 од Скопје ( 87г , 84г , 81г , 80г , 77г , 75г , 74г , 72г , 72г , 70г , 70г и 61г ), 6 од Битола ( 88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г), 4 од Охрид ( 78г, 75г, 73г и 28г), по 2 од Гевгелија (75г и 64г) , Куманово (73г и 60г) , Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) и по еден починат од Гостивар (77г) , Кочани (79г) , Виница (72г) , Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.246 тестови преку: ИЈЗ-602, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-113, МАНУ-125, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Авицена-319, Биотек-323, Систина-346, лабораторија Лаор-633, Синлаб – 25, Ремедика-45, Плодност – 72, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 385.
Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.
Според епидемиолошките анализи, статистиката по градови во моментов е следна:
Скопје 60.299, активни 10.584
Прилеп 7.291, активни 1.166
Куманово 7.170, активни 1.078
Тетово 6.471, активни 666
Битола 4.813, активни 1032
Велес 4.712, активни 814
Гостивар 4.672, активни 526
Кавадарци 4.601, активни 728
Штип 4.392, активни 491
Охрид 4.282, активни 896
Струмица 3.391, активни 430
Струга 2.729, активни 275
Кочани 2.335, активни 280
Кичево 2.093, активни 226
Неготино 1.988, активни 381
Гевгелија 1.914, активни 409
Свети Николе 1.306, активни 123
Крива Паланка 1.100, активни 126
Ресен 1.066, активни 203
Радовиш 9.43, активни 142
Берово 880, активни 127
Дебар 868, активни 64
Делчево 865, активни 107
Пробиштип 709, активни 91
Виница 651, активни 104
Валандово 544, активни 98
Крушево 439, активни 127
Богданци 425, активни 80
Демир Капија 369, активни 76
Кратово 337, активни 29
Демир Хисар 331, активни 43
Македонски Брод 313, активни 44
Пехчево 238, активни 31
Македонска Каменица 212, активни 18
Дојран 118, активни 15
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.
Македонија
Советник од Карпош пред исклучување од СДСМ поради гласање спротивно на ставовите на партијата
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да почне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.
„Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници“, велат од партијата.
Социјалдемократите преку соопштение додаваат дека најостро ги осудуваат сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.
Mинатата недела се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Карпош, кога со 14 гласови „за“, досегашниот уметнички директор на Операта, Христо Саракинов, беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош. ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници, Коалицијата „Искуство за успех“, СДСМ и Левица имаат по 4 советници, независната граѓанска иницијатива „Независни за Карпош“ три советници и ЗНАМ има еден советник. За изборот на Саракинов покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ и советникот на ЗНАМ, гласаа советникот од ГРОМ Зоран Краљевски и советникот од СДСМ Радослав Трошановски. Со тоа беа обезбедени 14 гласови „за“ и Саракинов беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош.

