Црна хроника
Седум лица завршија во болница по сообраќајна несреќа кај Куманово
Седум лица со повреди се пренесени во болница, по сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Липково, кај селото Опае.
Во несреќата учествувале автомобил „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од Липково и патничко возило „бе-ем-ве 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од Опае.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото ‘сеат ибица’, Р.М.(43) од с. Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

