Свет
Израелска студија: Вакцинацијата на возрасните ги штити и невакцинираните околу нив
Нови податоци од Израел, во кој успешно се спроведе кампањата за вакцинација против коронавирус со вакцината на „Фајзер“/„Бионтек“, укажуваат на тоа дека со вакцинацијата на возрасните се штитат и невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.
Околу една третина од 1,95 милиони корисници на здравствените услуги на Макаби хелткеар сервис (MХС), сите над 16-годишна возраст, примиле барем една доза од вакцината до 30 јануари.
Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни лица, стапката на зараза кај невакцинираните корисници на МХС во истите заедници опаѓа – особено кај децата.
МХС е втор по големина систем на здравствена заштита во Израел.
„Иако забележаната заштита на невакцинирани лица поврзана со вакцинирање кај возрасни е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на шансите за колективен имунитет и искоренување на болеста“, пишуваат истражувачите во студијата објавена на страницата medRxiv.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД распоредуваат војска близу Венецуела по прогласувањето на Мадуро за терорист
Администрацијата на Доналд Трамп би можела да добие проширени овластувања кон Венецуела откако САД го прогласија претседателот Николас Мадуро и неговите сојузници дел од странска терористичка организација „Cartel de los Soles“, пренесе CNN. Ова овозможува дополнителни санкции, но не и автоматско одобрување за употреба на смртоносна сила.
Американски претставници тврдат дека одлуката им дава пошироки воени опции во рамки на операцијата „Јужно копје“, во која во регионот се распоредени повеќе од десетина воени бродови и околу 15.000 војници.
Трамп добил различни предлози за дејствување, вклучувајќи удари врз воени или државни цели во Венецуела, но и опциja да не се интервенира. Во меѓувреме, високи воени претставници го посетија Порторико како поддршка на мисиите на Карибите.
Анкета на CBS News/YouGov покажува дека 70% од Американците се против воена акција во Венецуела. Според американски официјален претставник, Трамп се надева дека притисокот ќе го натера Мадуро да се повлече без директна интервенција.
Како знак на зголемени тензии, САД изведоа најголема воздушна демонстрација во близина на Венецуела, а три авиокомпании откажаа летови по предупредување на FAA за „потенцијално опасна ситуација“ над земјата.
Свет
Украинската амбасада: Нема планови за посетата на Зеленски на САД
Украинската амбасада во Вашингтон соопшти за „Kyiv Independent“ дека засега нема планови за посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД, но дека ниту една опција не е исклучена.
Одговорот следи по извештаите во американските медиуми дека Зеленски би можел да отпатува во САД оваа недела за разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за мировните напори.
Според наведените извештаи, Зеленски и Трамп требало да разговараат за чувствителните делови од мировниот план поддржан од САД, кој предизвика негативни реакции поради условите што се смета дека ѝ одат во прилог на Русија.
Првичниот документ од 28 точки е намален на 19 точки по вчерашните консултации меѓу украинските и американските претставници во Женева.
Регион
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на клучни лекови
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулини, инсулински аналози и група антибиотици до 23 јануари наредната година, според налог на министерот за здравство Силвио Кирилов. Министерството соопшти дека забраната повторно се продолжува поради проблеми со снабдувањето, пријавени недостатоци и одбивања од веледрогерии.
Како причини се наведуваат неправилности и доцнења во испораките, како и намалени количини нарачани лекови. Забраната ги опфаќа инсулините и нивните аналози, SGLT2-инхибиторите и лековите на база семаглутид, како и антибиотиците на база азитромицин. Забранет е и извозот на месалазин.
Забраната за извоз на инсулини првпат беше воведена во ноември 2023, а потоа повеќепати продолжувана.

