Македонија
(Видео) Костадинов: Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција треба да бидат предмет на интерес на ЈО
Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Тој рече дека обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.
Тој додаде дека поради соодветната реакција на МВР, намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа.
„Не е ова некакво ново однесување на Мицкоски. Дека тој цврсто стои на браникот на криминалот и криминалците е негов белег и граѓаните тоа многу добро го знаат. Но, овде станува збор за одговорност. Не може никој, најмалку политички субјект да се обидува да руши истраги, да заштитува криминалци, да саботира акции на државни органи. Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство“, рече Костадинов.
Портпаролот на СДСМ кажа дека одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин помагале во тоа или ја саботирале акцијата.
„Тоа што се заплеткаа Мицкоски и Чулев со лажните вести откако беа демаскирани е уште еден показател за нивната заедничка цел. Прво лажно тврдеа дека Наќе Чулев бил тој кој ја покренал оваа акција, па потоа самиот Чулев да каже дека ја реактивирал па потоа дека ја завршил… Еден хаос во ВМРО-ДПМНЕ, фатени живи како саботираат полициска акција“, изјави Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

