Забава
Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките кон Меган
Пирс Морган тврди дека неколку членови на кралското семејство му испратиле пораки на благодарност по неговата критика кон Меган, војвотката од Сасекс.
56-годишниот водител беше критички настроен кон војвотката по интервјуто за Опра Винфри минатиот месец, па дури и поднесе оставка како водител на „Добро утро, Британија“ откако одби да се извини за коментарот што предизвика бројни поплаки на гледачите. Во утринската емисија, што се емитуваше еден ден по интимната исповед на Меган, тој рече дека не ѝ верувал ниту збор од она што кажала.
По неговите јавни критики, Пирс сега тврди дека му биле „соопштени пораки во име на други членови на кралското семејство“, за кои рече дека му се благодарни што ги бранел.
Обраќајќи му се на Били Буш од Extra , тој рече: „Имав неколку пораки што ми беа соопштени во име на неколку членови на кралското семејство. Нема да навлегувам во тоа кои се… но беа благодарни што некој застана во нивна одбрана.“
Изјавата на Пирс доаѓаат само еден ден откако тој повторно се насочи против Меган (39) во интервју за Такер Карлсон од „ФОКС њуз“.
Пирс ја нарече заблудена и ја обвини дека заработува милиони долари од кралското семејство додека плука по нив.
„Не станува збор навистина за Меган Маркл – таа е заблудeна војвотка која сака да заработи милиони додека го клевети кралското семејството. Всушност, станува збор за слобода на говор,“ рече тој.
„Тоа што ми се случи мене се случува низ цела Британија и Америка – јас можам да поднесам, но има многу луѓе кои ја немаат нашата платформа, кои се збришани…толку многу уништени животи, завршени кариери за смешни работи.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

