Македонија
(Видео) Кузеска: Независна истрага да даде одговори зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата
Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа рече дека акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши завршила успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период.
„Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат. Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност. Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции. Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски ‘имал контакти’ и бил ‘во тесна врска’ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција“, рече Кузеска.
Таа порача дека само независна и транспарентна истрага ќе даде одговор кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обидел да ја саботира оваа акција на полицијата. Понатаму, зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко-доверителски односи со нив.
„Јавноста со право очекува одговори“, рече Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

