Македонија
СДСМ: Мицкоски го брани криминалот, ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Хритијан Мицкоски не отстапува од одбрана на криминалот, велат од СДСМ преку соопштение.
„Расте нервозата кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ откако не успеаја преку пласирање на чувствителни информации да саботираат сложена полициска акција против група која незаконски издавала патни исправи. Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да биде вмешана во скандали со патни исправи.
Зад нив е скандалот со гласачите од Пустец на локалните избори во Општина Центар во 2013 година, кои преку документи издадени од МВР беа впишувани повеќе од 100 лица на една иста адреса, во обид да се фалсификува волјата на граѓаните.
Во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за сериозни кривични дела.
Денес, партијата предводена од Мицкоски откако не успеа да ја саботира акцијата, се обидува да ја префрли одговорноста на институциите кои ја спроведуваат акцијата и постапуваат согласно законите.
Како што објави и самото МВР, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации.
Сето ова Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го загрозат и со тоа потврдија дека остануваат на браникот на криминалот.
Ваквото нивно однесување повлекува и истрага за утврдување на одговорност.
Без разлика колку и тоа е да е неприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на секое ниво.
Секој кој сторил кривично дело ќе одговара и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да го заштитат“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

