Македонија
Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека вакцинацијата се одвива без проблеми

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем, наведува Министерството за здравство, реагирајќи на протестот на опозициската партија поради менаџирањето на власта со состојбата со коронавирусот.
„Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години. ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинирањето на здравствените работници, полицијата, армијата, наставничките, негувателките, воспитувачките во граднинките, возачите во ЈСП, се потсмева со вакцинирањето на луѓето кои се дел од критичната инфраструктура во државата, со чија вакцинација, се овозможува непречено функционирање на општеството. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот за беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“. На ВМРО ДПМНЕ му сметаат, насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината“, наведува Министерството за здравство.
Во реакциијата се додава и дека ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета.
„Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните“, велат од министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре облачно време, од петок дожд и заладување

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од петок до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).
Во петок ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура значително ќе опадне (од 10 до 13 степени) во однос на денешната.
Македонија
Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 25.09.2025 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
(Видео) Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи

Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот, кажа на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ, вели тој, нема аргументи и политики, единствена политика им е деструктивноста и уништувањето на соживотот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, најостро ја осудува срамната и опасна изјава на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена при промоција на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи.
„Бектеши, без трошка одговорност, велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал. Тоа е скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи во државата.
Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо за иднината, граѓаните некој повторно сака да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби.
Македонците се столбот на Тетово. Со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет. Со својот труд и љубов кон овој град го изградиле и го зачувале. На овие избори како и многу пати претходно, токму Македонците со својот единствен сплотен глас и својата волја ќе одлучат кој ќе биде татко на Тетово и каква иднина ќе има овој град.
Ја повикуваме СДС јавно и веднаш да ја осуди оваа изјава и да се огради од својот коалициски партнер. Време е да се оттргнат од зависноста кон ДУИ и да покажат барем минимална одговорност. Секое молчење е соучесништво. Но, бидејќи СДС со години е навикнат да биде нем и покорен партнер на ДУИ, секој нивен денешен молк значи само едно, дека станале партнери и во омразата“.
Апелира до сите политички партии, организации и институции, да го осудат овој чин како отворен говор на омраза. Во Македонија, како што нагласи, нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје.
„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава. Земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“.