Македонија
Богдановиќ за зградите спроти „Холидеј ин“: Потребна ни е поддршка од надлежните и јавноста

Градоначалникот на oпштина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со секретарката на општината, Маја Ралевска, утринава одржаа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на кој тема беа актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј iн“, но и генералната состојба со плановите по одлуката на Уставниот суд за укинување на суспензијата на Деталните урбанистички планови (ДУП-ови).
Како што се наведува во соопштението за средбата, градоначалникот Богдановиќ пред Комисијата ја нагласил потребата од зголемен степен на соработка со останатите институции, поголема флексибилност и поголема ефикасност во спроведувањето на предметите.
Тој воедно побарал и поддршка од ДКСК, од останатите надлежни институции за постапување, но и од јавноста за Уставниот суд повторно да ја стави на разгледување последната одлука за укинување на мораториумот во Општина Центар.
„Намерата на општинската одлука за суспензија на ДУП-овите (‘мораториум’) беше донесена за да се хуманизира просторот за живеење во централното градско подрачје, да го намали загадувањето на околината и атмосферскиот воздух при носењето на нови ДУП-ови и конечно да воведе ред во урбанистичкото планирање во oпштина Центар“, се наведува во соопштението на општинските власти.
По укинувањето на првата одлука од 2017, од страна на Уставниот суд, во декември 2018 Советот на Општина Центар повторно донесе одлука за неспроведување на ДУП-овите, која Уставниот суд уште еднаш ја укина на почетокот на годината, на предлог на двајца жители од Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)