Економија
Претставена новата ŠKODA KODIAQ – нов дизајн и нови технологии
Иновативната ŠKODA KODIAQ носи низа подобрувања на популарниот теренец, кој досега е произведен во повеќе од 600.000 примероци од фабриката „Квасини“ во Република Чешка. Новата верзија сака да го надмине овој успех, нудејќи им на клиентите најсовремени технологии, вклучително и нови мотори и иновативна технологија со надградени системи за помош.

„KODIAQ навистина ја промени играта за нас. Тоа беше првиот модел на нашата SUV кампања и отвори целосно нов, брзорастечки сегмент на возила. Нашите клиенти и меѓународните автомобилски новинари ги ценат типичните квалитети на KODIAQ, исто како и со другите наши модели “, изјави извршниот директор на ŠKODA, Thomas Schäfer, за важната улога на KODIAQ, додавајќи дека на клиентите им се допаѓаат традиционалните вредности на брендот: емотивен дизајн, одлична вредност за пари, пространи ентериери и одлични опции за опрема.
Впечатлив и карактеристичен
Новиот и уште поемотивен дизајн ќе биде клучната карактеристика на освежениот KODIAQ. На предната страна му е дадена поисправена шестоаголна решетка на ладилникот и нова, подигната хауба. Другите детали му дадоа на KODIAQ повеќе теренски изглед, особено новите браници. Други забележливи карактеристики се поширокиот централен отвор за воздух и детали во алуминиум.

Предните светла се исто така нови. Фаровите се потесни и подинамични. Во комбинација со светлата за магла, тие создаваат нов изглед на моќниот SUV. Сега предните фарови користат стандардна LED технологија, со опција за најсовремени светла со целосна LED матрица. Задниот браник доби карактеристичен дифузор и неговиот дизајн одговара на предниот браник. Со изразените рабови, преработениот браник оптички го проширува автомобилот и му дава уште подинамичен изглед. Тоа е засилено со уште две карактеристики: првенствено новиот спојлер на горниот дел од петтата врата и редизајнираните светла што користат LED технологија со потесна форма.

„Со лансирањето на KODIAQ пред четири години, направивме голем чекор напред кон нашиот сегашен дизајнерски јазик. Заради неколку суптилни промени, нашиот теренец сега се претставува како уште поемотивен. Новиот преден дел е подобар, а дизајнот на четирите ново уредени фарови на KODIAQ му дава единствен карактер. Новите детали со алуминиумски ефект напред и назад, му овозможуваат на автомобилот одличен теренски стил. Во исто време, успеавме да го направиме задниот дел уште подинамичен со нов спојлер на покривот и поостри задни светла “, резимира Oliver Stefani, главен дизајнер на ŠKODA. За разлика од другите верзии, новиот KODIAQ RS има преработена шестстрана решетка на ладилникот со впечатливи двојни ребра во сјајна црна завршница. Во споредба со неговиот претходник, KODIAQ RS сега има препознатлив и динамичен преден браник специфичен за дадениот модел.
Уште поголема удобност
Внатрешноста на KODIAQ исто така гледа низа промени, се разбира. „Уште еднаш го развивме пространиот и удобен ентериер на KODIAQ. Новите контрастни шевови и проширениот опсег на функции на LED амбиенталното осветлување создаваат ново визуелно доживување, додека суптилните детали хармонично го нагласуваат целокупниот изглед на нашиот голем SUV. За прв пат се нудат и ергономски седишта во KODIAQ. Овие можат да бидат електрично прилагодени и вентилирани, и достапни се со функција за масажа“, вели Stefani, опишувајќи ги новостите во KODIAQ.

Покрај новите украсни елементи, клиентите можат да се одлучат за нови материјали за тапацирање на седиштата. Во познатите Ambition и Style пакети за опрема, сега нудат опција за тапацир на седиштата направени од рециклирани материјали. Секој пакет на опрема, како Ambition, Style, Laurin&Klement, Sportline и RS, има свои уникатни карактеристики. Пакетот Ambition нуди детали од алуминиум; Style има детали со дијамантска структура; а Laurin&Klement доаѓа со хромирани компоненти на рачките на вратите.

Сите верзии на новиот KODIAQ имаат нов управувач: стандарден е новиот волан со два крака со кристални контроли, додека спортските SPORTLINE и RS имаат волан со три крака.
Една од најголемите промени во внатрешноста со седум седишта се ергономските седишта достапни за патниците напред. Тие се целосно електрично прилагодливи, со рачна подлога на седиштата. Покрај мемори пена и перфориран кожен тапацир, тие можат да имаат греење, вентилација, па дури и функција за масажа. Овие убави детали ја зголемуваат удобноста во автомобилот на целосно ново ниво.

Се подразбира дека патниците во автомобилот имаат врвен инфо-забавен систем на дофат на раката, вклучително и дисплеј на допир до 9,2 инчи. Друга опција е 10,15 инчи виртуелна табла со инструменти со четири профили на приказ или, во случај на верзиите SPORTLINE и RS, петти спортски профил. Непотребно е да се каже дека возачот може да избере кои информации ќе бидат прикажани на екранот.
Инфо-забавните системи Bolero, Amundsen и Columbus имаат вграден eSIM и нивните корисници можат да очекуваат современи функции кои може да се контролираат преку мобилна апликација, како и Laura, гласовниот асистент кој зборува петнаесет јазици. Системот може, да се поврзе со мобилните телефони преку Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink. Друга опција е Phone Box за безжично полнење на телефонот. Дури и аудио системот на Canton е изменет, со додавање на дополнителни два звучници (вкупно 12).

Подобрените системи за асистенција ја зголемуваат удобноста на возењето и ја зголемуваат безбедноста на патниците. Адаптивната контрола на темпомат функционира до брзина од 210 км на час, додека функцијата за сопирање во итни случаи е во состојба да открие и пешаци и велосипедисти. Како дел од проактивната заштита на патниците во автомобилот, новите радарски сензори одзади можат дури и да го подготват возилото и неговите патници за ризик од судир од задниот дел.

Палета на модерни мотори
ŠKODA KODIAQ сега ќе доаѓа со пет мотори: два турбо дизела и три турбо бензински мотори. Сите се дел од новата линија на EVO, која става акцент на малите емисии. „EVO моторите во KODIAQ комбинираат супериорна испорака на енергија со зголемена ефикасност и помали емисии на CO2 и NOx. Во KODIAQ RS – за прв пат се вметнува бензински мотор кој бидејќи е помоќен, а сепак
полесен, го прави нашиот спортски модел уште подинамичен“, објаснува Johannes Neft, член на управниот одбор на ŠKODA, одговорен за техничкиот развој.

Влезниот мотор за KODIAQ е 110 kW 1.5 TSI со деактивирање на цилиндри. Ова е единствениот мотор кај KODIAQ кој е комбиниран со рачен шестстепен менувач и погон на предните тркала. Четири цилиндричниот 2.0 TDI ја обезбедува истата изведба, но како стандард е приклучен на седумстепен автоматски менувач DSG и нуди избор на погон на предните или на сите тркала. Сите други верзии на новиот KODIAQ имаат погон на сите четири тркала и менувач DSG.
Посилниот дизел мотор е 2.0 TDI кој испорачува 147 kW. Бензинскиот мотор со среден опсег е 140 кW 2.0 TSI. Врв на опсегот е RS верзијата со својот 2.0 TSI мотор прилагоден да испорачува 180 kW. Тоа е за 4 kW повеќе од неговиот RS претходник. Покрај тоа, новиот бензински мотор е полесен за 60 килограми.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

