Македонија
Скопје за првпат добива вистински вертикални градини
Скопје за првпат ќе добие вистински вертикални градини по светски стандарди. На денешната прес-конференција, по повод изградбата на новиот комплекс „Гранд“, чиј инвеститор е компанијата „МГ Фешн“, главните архитекти на проектот меѓу другото ги претставија и зелените вертикални градини кои се предвидени да бидат дел од комплексот.
Архитектите истакнаа дека станува збор за прв проект кој ќе вклучува зелени вертикални градини од овој тип. Покрај тоа што создаваат здрава средина за жителите, вертикалните градини придонесуваат за регулирање на влажноста на воздухот, апсорбирање на СО2 и други загадувачи, филтрирање на честичките од прашина, апсорбирање на бучавата, но и редуцирање на потрошувачката на енергија со намалување на температурата на воздухот во летниот период. Дополнително, овој дел од предвиденото зеленило обезбедува чувство на приватност и пријатност во урбаната средина и концепт, беше истакнато на прес-конференцијата.

Архитектите нагласуваат дека објектите се проектирани и дизајнирани на специфичен начин, со цел да одговорат на посебните барања и потреби за поставување, односно садење, одгледување и одржување на вертикалните градини.
Предвидените објекти ќе бидат со адаптиран дизајн за поставување на ваквиот вид зеленило. Проектирани се со наизменично протегање, прилагодена големина на терасите и соодветни висини, со цел да се обезбеди стеблата на дрвјата и растенијата да се извишуваат нагоре. Во објектите ќе биде имплементиран и посебен систем за одржување и наводнување, а во склоп на терасите ќе има посебно дизајнирани саксии и жардиниери, кои ќе овозможат дренажа и одводнување на водата.

Во однос на типот на зеленило кое ќе биде поставено, беше истакнато дека ќе се одбере локално зеленило, согласно локалните климатски услови, ветровите, длабочината и агресивноста на коренот итн. Проектот го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

