Свет
Канадски политичар заборавил да ја исклучи камерата, па неговите колеги го виделе гол
Пратеникот во Канада стана хит на интернет кога се појави целосно гол на виртуелен состанок преку „Зум“.
Либералниот пратеник Вилијам Амос (46), кој претставува делови од Квебек, бил забележан потполно гол за време на состанокот на пратениците од долниот дом.
Видеото во живо од состанокот е емитувано јавно, но Амос не зборуваше на него, пренесува „ЦТВ њуз“. Тој заборавил да ја исклучи камерата кога почнал да се преоблекува.
Не е јасно кој ја испратил снимката од „Зум“ до новинарите.
Амос, кој е оженет и има две деца, се извини за несреќната грешка.
„Моето видео случајно остана вклучено додека се преоблекував во работна облека по џогирање. Искрено им се извинувам на моите колеги од долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека тоа беше несреќна грешка и нема да се повтори“, рече тој.
I made a really unfortunate mistake today & obviously I’m embarrassed by it. My camera was accidentally left on as I changed into work clothes after going for a jog. I sincerely apologize to all my colleagues in the House. It was an honest mistake + it won’t happen again.
— Will Amos (@WillAAmos) April 14, 2021
Неговото појавување на „Зум“ предизвика многубројни шеги и кај пратениците.
Пратеничката Клод Дебелфеј рече дека инцидентот може да биде точка на дневниот ред.
„Можеби е потребно да се потсетат членовите, особено мажите, дека вратоврската и јакната се задолжителни, но исто така и кошулата, боксерките или панталоните“, рече таа на француски јазик.
Таа го коментира и физичкиот изглед на Амос.
„Видовме дека членот е во одлична физичка форма, но мислам дека треба да се потсетат членовите да бидат внимателни и добро да ја контролираат камерата“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

