Македонија
Угледни архитекти со поддршка за проектот „Гранд Скопје“
По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд Скопје“, предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев.
Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната архитектура, вели дека, конечно, на повидок е еден нов лик на централниот градски простор во Скопје.
Неговата изјава ви ја претставуваме во целост: „Нова престижна модерна архитектура од форматот на Заха Хадид (Радиус). Браво. Доста беше. 60 години го гледаме просторот со привремен паркинг-простор. Никој ништо не презема да се облагороди. И, конечно, се појавија инвеститори. Кои и да се. Браво за нив и среќа за сите нас (мислам на нас, оние нечипирани и непартиски војничиња). Иако предметната локација нудела многу повеќе м2 за градба, сенсот на инвеститорот да направи нешто убаво, а не некаков дебармаалски злостор, е за поздравување. Балансирани површини за градба, зеленило, подземни паркирања во изобилство и што сè не. Вклопени идеално во блиската околина (Македонска радио-телевизија е 22 ката + антени). Браво за решителноста на инвеститорот за ваквиот чекор. Конечно, нов акцент во просторот. Ако ‘Воинот на коњ’ беше комплетно промашување, еве го правиот нов препознатлив акцент на идното Скопје, нов имиџ, нов downtown. Поздрави и многу успех во реализацијата на проектот. Сè тече, сè се менува, само некои сакаат Скопје да чмае. Доста е!“
Во врска со предвиденото хортикултурно уредување, кое инвеститорот најави дека ќе опфаќа партерно зеленило, високо зеленило – дрвореди, зелени градини на покриви, но и првпат вистински зелени вертикални градини, и тоа на вкупна површина од 6.520 м2, во која не се вкалкулирани вертикалните градини, се јави и шумарскиот инженер и пејзажен дизајнер Ѓорѓи Самарџиев.

„Доколку идниот урбан проект ‘Гранд’ биде изграден во согласност со презентираните визуализации, од аспект на хортикултурата, ќе претставува своевиден урбан бренд, современо моќно здание со интегрирано зеленило. Драгоцено парче во зелениот мозаик на градот“, вели тој.
И архитектот Веселинка Герасимова-Петровска го изрази својот став во врска со јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај ‘Холидеј ин’“. Таа вели дека концептот е токму тоа, односно осмислен, а нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:
„Во врска со најновите случувања и јавниот повик ‘Осмислен простор наместо висококатници кај ‘Холидеј ин’“, би сакала да го изнесам мојот став во контекст на идеен проект и визуализацијата презентирана од страна на инвеститорот на предметната локација. Имено, како архитект со 26-годишно искуство, учесник во изработка на проектна документација во тим и самостојно, мислам дека понуденото решение од страна на проектантот е токму ”Осмислување на просторот кај ‘Холидеј Ин”, и тој како концепт апсолутно е соодветен за локацијата во строгиот центар на градот. Доблеста на проектантот да создаде простор за препознавање, притоа водејќи сметка да не се искористат максималните параметри од донесениот ДУП за градската четврт Ц08 Ново Маало и притоа да создаде еколошки центар во строгиот центар на градот е за поздравување и тој го поддржувам“.
Инаку, вчера, на онлајн прес-конференција инвеститорот „МГ фешн“ го презентира проектот „Гранд Скопје“, комплексот предвиден да се гради на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј ин“. Како што истакнаа од „МГ фешн“, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за почнувањето на градба на комплексот како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази што циркулираа, а воопшто не кореспондираа со неговата вистинска слика и вредност.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

