Контакт

Свет

Рускиот амбасадор нема да се врати во САД набргу по новата тура санкции

Објавено пред

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, дефинитивно, нема да се врати во Вашингтон набргу откако американскиот претседател, Џо Бајден, воведе повеќе санкции против Москва, изјави за ТАСС експертот на меѓународниот клуб за дискусии „Валдаи“, Дмитриј Суслов.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека во пресрет на последните настани амбасадорот Антонов сигурно нема да се врати набргу во Вашингтон. Амбасадорот на САД во Русија, Џон Саливан, веројатно ќе остане на своето место. Дипломатските односи со САД формално ќе останат такви какви што се, но без враќање на рускиот амбасадор“, рече Суслов, кој е заменик-директор на Центарот за сеопфатни европски и меѓународни студии на Високата економска школа при Националниот руски истражувачки универзитет.

Во исто време, продолжи Суслов, протерувањето на руските дипломати од Вашингтон укажува на продолжување на дипломатската војна меѓу двете земји, која само зема замав.

Суслов, кој беше повикан назад во Москва на консултации минатиот месец, денеска пристигна во руското Министерство за надворешни работи, еден ден откако САД воведоа нови санкции за Москва, пренесе „РИА новости“.

 

Европа

Претставникот на Трамп: Нападот врз Киев е ескалација, очигледно е дека Русите не сакаат војната да заврши

Објавено пред

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека нападот на Русија врз владината зграда во Киев не е сигнал дека Москва има намера дипломатски да ја заврши војната. „Нападот не беше сигнал дека Русија сака дипломатски да ја заврши оваа војна“, рече Келог преку социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Келог нагласи дека опасноста од каква било војна лежи во ескалацијата, а Русија, рече тој, „се чини дека ескалира“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад во војната, кој прво ја погоди зградата на украинската влада.

Специјалниот пратеник, исто така, откри дека бил во истата зграда пред само две недели, каде што се сретнал со украинската премиерка Јулија Свириденко.

Тој предупреди дека ваквите потези би можеле да излезат од контрола. „Историјата покажува дека настаните можат да ескалираат надвор од контрола преку вакви акции. Затоа претседателот Трамп работи на запирање на оваа војна“, заклучи Келог.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп до Хамас: Ова е вашето последно предупредување, нема да има друго

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му дал на Хамас „последно предупредување“ да прифати договор за ослободување на заложниците, тврдејќи дека „Израелците ги прифатија моите услови“. Тој повика на крај на војната и предупреди на „последици“ доколку Хамас одбие.

dobivaj vesti na viber

„Време е Хамас да прифати. Ги предупредив за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување – нема да има второ“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи.

Според израелската станица N12, цитирана од Ројтерс, рамката на договорот вклучува ослободување на сите преостанати заложници на првиот ден од прекинот на огнот во замена за ослободување на илјадници палестински затвореници и би послужила како основа за разговори за завршување на војната. Израелски функционер изјави дека предлогот „сериозно се разгледува“.

Трамп претходно испрати слични пораки и најави зголемен притисок врз Хамас, а американските претставници потврдија директни контакти со организацијата како дел од преговорите за заложниците, според Асошиејтед Прес.

Во исто време, израелската влада вели дека завршувањето на војната би вклучувало безусловно ослободување на заложниците, предавање и разоружување на Хамас и неговите лидери отстранети од власт во Газа, пишува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Објавено пред

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.

Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија14 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ16 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија18 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет20 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет21 час

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија21 час

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет22 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија22 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија22 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија1 ден

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија2 дена

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет2 дена

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје2 дена

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија2 дена

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија2 дена

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија2 дена

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...