Свет
Путин ја прифати поканата на Бајден за учество на климатскиот самит

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на климатскиот самитот организиран од САД. Кремљ исто така соопшти дека Русија не е двигател на тензиите во односите со Западот, туку само реагира на непријателски потези.
Американскиот претседател Џо Бајден покани 40 светски лидери на самитот што ќе се одржи в четврток и в петок.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека билатералните контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден и другите шефови на држави не се планирани во рамките на претстојниот самит.
В понеделникот Кремљ објави дека Путин ја прифатил поканата, дека ќе зборува на видеоконференција на состанокот на 22 април и ќе ги претстави руските пристапи кон ова прашање. Претходно германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот претседател Шји Џјинпинг разговараа за подготовките за самитот.
Климатскиот самит предводен од САД е дел од иницијативата на администрацијата на Бајден за демонстрација на посветеноста на САД во борбата против климатските промени откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од Парискиот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руте: Останувам претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина.
„Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците, може да се постигне напредок во следните две недели“, рече тој по пристигнувањето во Анталија, за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Бета-АФП.
Но, за вистински да се продолжи со дискусиите, Русија мора да ја преземе и својата одговорност, рече Руте, потсетувајќи дека Украина, од своја страна, е подготвена да се вклучи во прекин на огнот и итни преговори.
Руските и украинските делегации се очекуваат денес во Истанбул, на првите директни разговори од пролетта 2022 година.
Деталите од состанокот, на кој рускиот претседател Владимир Путин одби да присуствува во оваа фаза, не се познати.
Свет
Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа: мртовечниците преполни со тела

Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањата продолжија низ Газа.
Според податоците од болниците, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, јавува Би-би-си.
Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било пријавено интензивно израелско бомбардирање.
Целта на нападот беше Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.
Извор од болницата „Насер“ во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодија куќи и шатори каде што беа сместени раселени семејства во градот и неговата околина.
Локалните новинари известуваат дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на одделот за итни случаи се полни со ранети.
Свет
Германија и Велика Британија заеднички ќе развиваат оружје со дострел до 2.000 километри

Велика Британија и Германија заеднички ќе развијат ново оружје за „длабок прецизен ефект“, со дострел од повеќе од 2.000 километри, објави денес британската влада.
Проектот се потпира на обврската преземена минатата година за развој на ново оружје, кога двете земји потпишаа билатерален одбранбен договор и ја нагласија потребата, Европа да може да се одбрани од каква било ескалација на војната во Украина, пренесува Танјуг.
Како што е најавено, британскиот министер за одбрана Џон Хили и неговиот германски колега Борис Писториус ќе објават нов проект за оружје со долг дострел на состанокот во Берлин.
„Во еден поопасен свет, НАТО и европските сојузници се обединети. Ова партнерство ни помага да ја направиме одбраната двигател на растот – создавање работни места, подобрување на вештините и поттикнување инвестиции низ цела Велика Британија и Германија“, рече Хили во соопштението.
Се очекува министрите да разговараат и за заедничката набавка на торпеда за поморски патролни и извидувачки авиони и да објават договор за германска набавка на воени мостови произведени во Велика Британија, според соопштението.