Македонија
Жителите на Ново Маало поднесоа петиција: „Институциите да не ја кочат изградбата на комплексот“
Жителите на Ново Маало поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат итно да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот спроти „Холидеј ин“.
На петицијата, со преку 330 потписи се потпишани жители на Ново Маало, но и соседи од Градски ѕид и граѓани кои ги поддржуваат.
„За првпат по децении талкање низ лавиринтите на системот, семејствата кои живеат во услови како од 19 век, конечно добиваат можност за достоен живот. Со оваа петиција, даваме поддршка и на инвеститорот кој нуди обештетување на семејствата, а преку истата, најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот. Сметаме дека никој нема право да одлучува за тоа како ние ќе живееме. Нема да дозволиме поради нивните неразумни барања да останеме да живееме во супстандарди услови, прокиснати кровови, септички јами, нерешено греење и депонија за отпад. На сите оние кои реагираат дека овој простор ќе стане бетонска џунгла и заслужува зеленило, им укажуваме дека сега освен калдрма по сокаци, кал до колена и распукан бетон на паркинг нема ништо друго“, велат жителите на Ново Маало.
Бараат од институциите да не го суспендираат планот. Во спротивно, како што велат, подготвени се да излезат на протест. На оние кои инсистираат планот да се суспендира, им порачаа да дојдат и да живеат во нивните куќи, кои не можат ниту да ги реновираат, па со задоволство ќе се заменат со нивните удобни станови.
„Ако некој со суспензија ни ги загрози правата ќе поднесеме колективна тужба за претрпена огромна штета од 1930 до 2021 година, ако треба и до Стразбур. Дополнително, ќе поднесеме пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината“, велат жителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

