Македонија
Жителите на Ново Маало ангажираат правен тим за да ја осигураат изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“
Откако вчера поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот за комплексот спроти „Холидеј ин“, жителите на Ново Маало најавуват мобилизација на правен тим во одбрана на, како што велат, нивните ставови.
„Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати“, се наведува во нивното соопштение.
Жителите се децидни дека правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.
„Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината“, посочуваат засегнатите жители и порачуваат дека до добивање конечен одговор по нивните тужби, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

