Забава
„Земја на номади“ освои „Оскар“ за најдобар филм

„Земја на номади“ е прогласен за најдобар филм, а неговата sвезда Франсис Мекдорманд победи во категоријата главна актерка на синоќешната церемонија на доделување „Оскари“, во ноќта на неколку премиери и враќање на холивудскиот гламур по долгото затишие.
На големо изненадување на познавачите на седмата уметност, Британецот Ентони Хопкинс го освои трофејот најдобар актер за улогата во филмот „Татко“, каде што глуми човек што се бори со деменција.
Како што коментираат светски медиуми, оваа награда се очекуваше да му припадне на покојниот Чадвик Боузман, кој беше посмртно номиниран за „Оскар“ за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“ и важеше за голем фаворит.
Кинеската режисерка Клои Жао е прогласена за најдобра режисерка за „Земја на номади“, со што стана првата Азијка и втора жена што некогаш се закитила со ваков трофеј.
Од десетте номинации, „Менк“ освои само два „Оскара“ – за кинематографија и сценографија. „Уште една тура“ од Данска е најдобар странски филм, а „Мојата учителка – октопод“ од Јужна Африка е прогласен за најдобар документарец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“
Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.
Забава
Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни „Центарска симфонија“ под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари.
„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика – во ново, моќно симфониско руво и во изведба на камерен оркестар и бенд, со специјален гостин Александар Тарабунов. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.
Влезот е слободен.
Забава
Ако имате среќа вашиот партнер да биде во еден знак, тогаш сите ваши желби ќе бидат исполнети

Ако имате среќа вашиот партнер да биде во овој знак, тогаш сите ваши желби ќе бидат исполнети.
Станува збор за мажот Овен.
За личноста за која се грижи, тој е подготвен на сè, не ги бира средствата со кои ќе го постигне тоа и не го интересира што мисли некој.
Неговите напори обично вродуваат со плод, бидејќи е упорен и духовит. Не се двоуми да заѕвони на вратата среде ноќ и да се фрли околу вратот на саканата личност.
Мажот Овен ќе ја следи својата партнерка на секој чекор и ќе чека момент да ја изненади.
Мажите родени под знакот на Овен се генерално многу темпераментни.
Колку и да се трудат, не можат да го сокријат својот темперамент, бидејќи тоа едноставно би претставувало бегство од суштината на нивното битие.
Сакаат да владеат, да бидат доминантни, но се навистина добри души и секогаш се фер. Можат да бидат слаби на женските солзи.
Никогаш нема да најдете партнер толку страсен како Овен, ниту пак ќе најдете некој со таков авантуристички дух, подготвен да се впушти во непознати води. Едно предупредување до идните партнери Овен:
Овенот е маж на кој му е потребен некој што ќе одговара на неговиот романтичен ентузијазам или ќе му стане здодевно.
Мажот Овен има единствена способност да ја надмине тагата побрзо од другите знаци и способност да продолжи понатаму по неуспешна врска.