Свет
Јеменските Хути напредуваат кон Мариб

Јеменските Хути постигнаа значителен напредок кон стратешкиот град Мариб, последното северно упориште на меѓународно признаената влада, пренесув АФП.
Воени претставници на провладините сили соопштија дека Хутите ја презеле контролата над северозападниот фронт Касара и постигнале напредок на западните фронтови и покрај воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада.
Според изворите, битките сега се префрлиле во областа Ал-Мил, на речиси 6 км од центарот на градот Мариб.
Најмалку 65 борци биле убиени во битките само во изминатите два дена, вклучувајќи 26 провладини трупи, меѓу нив и четворица офицери. Хутите, поддржани од Иран, ретко ги откриваат своите загуби.
Веќе една и пол година Хутите се борат со провладините сили за да го контролираат целиот север на Јемен. Мариб и околните нафтени полиња го сочинуваат последниот значаен дел од територијата што ја контролира владата на северот, а остатокот е под контрола на Хутите, вклучително и главниот град Сана.
Според Советот за безбедност на ОН, борбите за Мариб доведоа до голем ризик еден милион внатрешно раселени лица и се закана на напорите за постигнување политичко решение за конфликтот во Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин