Свет
СЗО: Индискиот вид коронавирус откриен во 17 земји
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека варијантата на коронавирусот, за која се верува дека предизвика епидемија во Индија, е откриена во примероци во 17 земји.
Варијантата Б.1.617 е откриена во повеќе од 1.200 вирусни секвенци внесени во базата на податоци на ГИСАИД од најмалку 17 земји, соопшти СЗО.
„Повеќето секвенци се од Индија, Велика Британија, САД и од Сингапур“, објави СЗО.
СЗО неодамна ја забележа варијантата Б.1.617, која вклучува неколку субваријанти со малку поинакви мутации и карактеристики, како варијанта на интерес.
Но, сè уште не ја прогласил за загрижувачка варијанта, што би значело дека е поопасна од оригиналната варијанта на коронавирусот бидејќи, на пример, се шири побргу, посмртоносна е или поотпорна на вакцината.
СЗО, сепак, призна дека прелиминарните анализи покажуваат дека Б.1.617 има побрза стапка на ширење отколку другите варијанти во Индија, што укажува на потенцијално поголема зараза.
Се додава дека другите варијанти на коронавирусот во циркулација во Индија покажуваат знаци на поголема зараза, па затоа комбинацијата може да игра улога во моментниот интензитет на епидемискиот бран во земјата.
„Студиите покажуваат дека ширењето на вториот бран во Индија е многу побрзо од првиот бран.
Имунологот Дани Алтман од Лондонскиот империјален колеџ рече дека, според сè што видел, тој верува оти индискиот вид набргу ќе стане загрижувачка варијанта.
Од друга страна, генетичарот Џефри Барет од Институтот „Сангер“ смета дека индиската верзија веројатно нема да биде толку проблематична како другите загрижувачки варијанти, како што се јужноафриканската или бразилската.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон
Јеменската милитантна група Хути соопшти дека соборила американско борбено беспилотно летало MQ-9 Reaper и објави видео на кои се прикажани делови од дронот.
Хутите тврдат дека го собориле дронот со проектил земја-воздух, дел од новата серија напади на бунтовниците оваа недела, по релативно затишје во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Пентагон, Централната команда на САД и американските воздухопловни сили не ја коментираа изјавата на милитантите, но Си-Би-Ес Њуз цитираше неименуван американски функционер кој потврдил дека дронот се урнал во Јемен.
Видеото објавено од Хутите вклучува ракета која е лансирана кон беспилотно летало, а во позадина се слуша како човек го рецитира слоганот на групата по ударот на авионот: „Господ е најголем, смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство на Евреи, победа на исламот“.
На видеото се прикажани и неколку главни делови од дронот, вклучувајќи го и логото на General Atomics, која го произведува авионот, како и серискиот број.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024