Свет
Велика Британија испраќа илјада респиратори во Индија

Велика Британија ќе испрати 1.000 респиратори во Индија, која е силно погодена од коронавирусот.
Премиерот Борис Џонсон рече дека Велика Британија секогаш ќе биде со Индија кога тоа е потребно.
„Длабоко сум погоден од брзата поддршка што Британците им ја дадоа на луѓето во Индија и задоволен сум што владата на Велика Британија успеа да одигра улога во помошта да се спасат животи“, рече Џонсон.
Тој утре ќе одржи виртуелен состанок со индискиот премиер, Нарендра Моди, за да разговара за продлабочување на соработката меѓу Велика Британија и Индија.
Индија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата – 3.689, и стана првата земја што регистрира повеќе од 400.000 нови случаи за еден ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.
Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.
„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.
Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата.
Свет
(Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.
Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.
Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.
Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.