Забава
Двејн Џонсон: Децата ме прашуваа дали сум девојче

Омилениот холивудски актер Двејн Џонсон откри дека во младоста децата честопати го прашувале дали е девојче.
49-годишниот актер и поранешен професионален борач познат по прекарот The Rock (Kарпа), изјави дека имал меки црти и мека афрокоса кога бил дете, што често било причина децата во училиште да го прашуваат дали е момче или девојче.
Таткото на Двејн, Роки Џонсон, исто така бил професионален борач и семејството морашло многу да патува поради неговата работа. Како резултат на ова, Двејн постојано менувал училишта и при тоа се обидувал да стекне нови пријатели.
Потсетувајќи на една случка кога почнал да оди во ново училиште, Двејн за „Сандеј тудеј“ изјави: „Седнав покрај едно дете и во рок од 60 секунди, тој рече: Може ли да те прашам нешто? Дали си момче или девојче?“
„Би рекол на возраст од 7 до 11 години, луѓето мислеа дека сум девојче затоа што имав навистина меки црти и многу мека афрокоса.“
Холивудската ѕвезда исто така зборуваше за своите претседателски амбиции кога се појави во „Сандеј тудеј“ и рече дека би можел да се кандидира за оваа позиција доколку луѓето го сакаат тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Луѓето родени во овој знак се најубави на светот

Убавината може да се манифестира на многу начини, но некои луѓе поседуваат харизма и топлина што веднаш плени.
Додека многумина веруваат дека вистинската убавина доаѓа однатре, астрологијата тврди дека еден хороскопски знак особено зрачи со ненаметлива привлечност – а тоа е Ракот.
Раковите поседуваат убавина, која не е светкава, туку суптилна и нежна, како благ летен ветер или чувство на сигурност во прегратките на саканата личност. Нивното присуство смирува и ја загрева душата оставајќи неизбришлив впечаток.
Она што ги прави уникатно убави се нивните очи – огледало на душата, во кое се испреплетуваат емоции, нежност и скриена доза мистерија. Нивниот поглед може истовремено да зрачи топлина и неодолива привлечност.
Раковите се познати по нивната емпатија и способност да ги разбираат другите луѓе. Нивното внимание, грижа и подготвеност да ве слушаат ве прават да се чувствувате посебно во нивно друштво.
Нивната убавина не е само во физичкиот изглед, туку и во топлината што несебично ја даваат.
Иако не се потпираат на својот надворешен изглед, Раковите знаат како да ја истакнат својата убавина кога сакаат. Нивниот стил зрачи со едноставност и грациозност, а нивната внатрешна светлина прави секој нивен избор да изгледа посебен и префинет.
Ракот не е само знак на визуелна привлечност – нивната внатрешна убавина се рефлектира во начинот на кој прават да се чувствувате сакано и важно.
Затоа е речиси невозможно да ги заборавите Раковите, кои ви го разубавуваат денот со своето присуство.
Забава
Рита Ора блесна во виолетова креација на забавата по „Оскарите“

Пејачката Рита Ора блесна во виолетова кадифена тоалета на забавата по Оскарите организирана од магазинот Vanity Fair.
Рита Ора изгледаше неверојатно додека уживаше во афтер-журката на Оскарите, забавувајќи се со Орландо Блум и неговата свршеница Кејти Пери, како и неговата поранешна Миранда Кер.
Познатата пејачка оваа година не разочара со својот моден избор, а слободно можеме да кажеме дека беше една од најгламурозните личности кои избраа „адекватен“ моден аутфит за оваа традиционална пригода.
Забава
Соочете се – не можете да им кажете не: овие знаци секогаш го добиваат она што го сакаат

Постојат хороскопски знаци на кои е речиси невозможно да им се каже „не“. Нивниот шарм, упорност и убедливост секогаш ги водат до нивната цел.
Овие хороскопски знаци се едноставно неодоливи, толку многу што и да сакате, не би можеле да ги одбиете, што и да бараат од вас. Едноставно ќе ве вовлечат во нивната „мрежа“ и се ќе биде по нивно.
Лав
Харизматични и самоуверени Лавовите знаат да ве убедат дека нивната идеја е најдобра. Нивниот неодолив шарм и природна харизма често значат дека добиваат што сакаат.
Вага
Шармантни и дипломатски, Вагите се вистински мајстори за преговори. Нивната насмевка и способност да им угодат на сите често значи дека ќе се согласите на сè што ќе предложат.
Шкорпија
Интензивните и наметливи Шкорпии точно знаат што сакаат и како да го добијат тоа. Нивната одлучност и мистериозен шарм често ве „тера“ да им кажете „да“.
Близнаци
Духовитите и разговорливи Близнаци ве освојуваат со разговор пред да сфатите дека веќе сте се согласиле на се што побарале.
Ако некогаш сте рекле „не“ на некој од овие знаци, честитки, бидејќи тоа не е лесна задача!