Македонија
Општина Карпош објави оглас за субвенции за велосипеди
Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.
Акцијата почнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска, 7 мај.
Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
За оваа намена, Општината издвои финансиски средства од својот буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“. Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди треба да ги достават следните документи:
– Барање за субвенција за нов велосипед;
– Фотокопија од лична карта;
– Фотокопија од трансакциска сметка;
– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (7.5.2021);
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот.
Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.5.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб-страницата www.m-zaednica.mk при што е потребно, секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.

