Свет
Кина ја отвори северната страна на Монт Еверест за 38 планинари
Кина ја отвори северната страна на Монт Еверест за 38 планинари кои ќе бидат тестирани на Kовид-19 и ќе мора да одржуваат растојание додека се искачуваат на највисокиот врв во светот.
Непал и Кина претходно ја затворија планината за странски туристи поради пандемијата, а оваа сезона Непал сепак им дозволи на странците да се искачуваат и покрај зголемувањето на бројот на пациенти, а најмалку еден алпинист, Норвежанец, минатиот месец потврди дека се разболел од Ковид-19.
Непалските планинари негираа дека на планината избувнале жаришта, наведувајќи дека биле пријавени само случаи на висинска болест и други симптоми поврзани со студени, тешки услови каде што тие биле збиени заедно во шатори.
Оваа недела Непал ги прекина сите летови како дел од строгите мерки на Катманду за спречување на ширењето на коронавирусот.
Од друга страна, Кина, каде што локалното пренесување е главно запрено, ги задржа ограничувачките мерки, како што се здравствените проверки и е во состојба на претпазливост кога станува збор за „увезените“ случаи на Ковид-19.
Планинарите кои добиле кинески дозволи за искачување на Монт Еверест мора да доаѓаат од кинески делови и да покажат дека се здрави, пред да тргнат на пешачење до врвот, соопштија денеска кинеските државни медиуми.
Тие ќе треба да поминат редовни проверки на телесната температура, да користат кислород од боца и да бидат оддалечени четири метри од следниот алпинист. Ќе им бидат дадени маски, термометри и средства за дезинфекција, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

