Контакт

Свет

Израел го приведе чуварот на Ал-Акса, му забрани на шеикот да влезе во џамијата

Објавено пред

Израелските сили вчера привеле еден од чуварите на џамијата Ал-Акса и му ја продолжиле забраната на шеикот Најех Бакират за влез во муслиманското сцето место, објави Палестинскиот информативен центар.

dobivaj vesti na viber

Полицајците го уапсиле Бадер Ал-Рајби од областа Баб Алсисила во Стариот град во Ерусалим и го одвеле во притворскиот центар во светиот град.

Израелската полиција исто така ја обнови наредбата за продолжување на забраната воведена за шеикот Бакират, кој е декан на Академијата за наука и наследство Ал-Акса. Според наредбата, шеикот Бакират има забрана за влез во џамијата Ал-Акса и Стариот град уште шест месеци.

Израелските власти ги ескалираа своите произволни мерки против службениците и вработените во Ал-Акса како дел од напорите да ја попречат нивната улога во одбраната на џамијата и управувањето со нејзините работи.

Израелскиот суд во Ерусалим вчера нареди условно ослободување на Палестинецот Мохамед ал-Акаба, кому му е забранет влез во Ерусалим еден месец. Тој беше уапсен заедно со уште петмина во понеделникот за учество во активност организирана во знак на солидарност со семејствата од Шеик Џара, кои се соочуваат со израелскиот план да ги истераат од нивните домови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Објавено пред

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа преку која ги поздрави и ги обвини за заговор, кинескиот претседател Кси Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата.

dobivaj vesti na viber

„Големото прашање е дали претседателот Кси од Кина ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач. Многу Американци загинаа во потрагата на Кина по Победа и Слава. Се надевам дека ќе бидат соодветно почитувани и запомнети по нивната храброст и жртва“, напиша Трамп.

„Нека претседателот Кси и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека заговарате против Соединетите Американски Држави“, додаде тој.

Коментарите на Трамп дојдоа додека Кси Џинпинг разговараше со 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и Ким, за „незапирлива“ Кина која „никогаш нема да биде заплашена од насилници“. Парадата беше искористена и за да се претстави нова генерација оружје, вклучувајќи нуклеарни ракети, ласерски системи и поморски беспилотни летала.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но дека мора да се признаат „нови територијални реалности“ и да се формираат нови системи за безбедносни гаранции.

dobivaj vesti na viber

„За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународното право“, рече Лавров во интервју за индонезискиот весник „Компас“.

Индиректно реферирајќи на континуираното противење на Москва на приклучувањето на Украина кон НАТО, Лавров рече дека „на Украина треба да ѝ се гарантира неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“.

Украина вели дека не е до Русија да одлучува во што Киев може, а што не може да се приклучи, додека НАТО вели дека Русија не може да има вето врз членството во алијансата, која беше основана во 1949 година за да се спротивстави на заканата што ја претставуваше Советскиот Сојуз.

Лавров рече дека шефовите на руската и украинската делегација биле во директен контакт и дека очекува разговорите да продолжат.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Русија: Индија сака да купи повеќе од нашите ракетни системи С-400

Објавено пред

Москва и Њу Делхи преговараат за зголемување на испораките на руски ракетни системи земја-воздух С-400 за Индија, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на висок руски службеник за извоз на одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Индија веќе го има нашиот систем С-400, но постои потенцијал за проширување на соработката и во оваа област“, ​​го цитираше ТАСС Дмитриј Шугаев, раководител на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, додавајќи дека страните „моментално се во фаза на преговори“.

Индија потпиша договор од 5,5 милијарди долари со Русија во 2018 година за пет ракетни системи земја-воздух С-400 Триумф со долг дострел, за кои Њу Делхи вели дека им се потребни за да се спротивстават на заканите од Кина.

Сепак, испораките на системите се одложуваа неколку пати. Се очекува Москва да ги испорача последните два системи С-400 на Индија во 2026 и 2027 година.

Индискиот премиер Нарендра Моди му рече на Владимир Путин во понеделник дека Индија и Русија стојат рамо до рамо дури и во тешки времиња. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Индија не попуштила пред барањата на САД да престане да купува ресурси од Русија и дека Москва „го цени“ тоа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа31 минута

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет54 минути

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа1 час

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа1 час

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија11 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија14 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија15 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија17 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија19 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија20 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија20 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ20 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија20 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија21 час

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија22 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија23 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет24 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...