Македонија
Изменет режим на сообраќај во Скопје на 10 и 11 мај поради посета на странска делегација

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 10 и 11 мај, понеделник и вторник, поради официјална посета на странска делегација, полицијата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата, работеле да се одржат на власт Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС не бирале средства и методи за да остане на власт колку што можат подолго. Злоупотребувале институции, државни средства и цел безбедносно разузнавачки апарат. Со цел одржување на власт, СДС ги ставиле во партиска функција за политички цели безбедносните служби да следат и прислушкуваат политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како тогаш најголема опозициска партија, СДС со помош на нивните кадри поставени во агенциите за разузнавање и за безбедност, пет години го следеле и прислушкувале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки.
Со следењата и прислушкувањата сакале да го запрат нивниот пад од власт и да го придушат и замолчат секој слободен и кон нив критичен глас на новинарите и јавните личности, како и да уценуваат стопанственици.
Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт.
Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон“.
Од партијата на власт додаваат дека цели пет години, службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.
Уште потрагично, како што велат, е тоа што за сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките, кој според ВМРО-ДПМНЕ, е главната алка во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.
„Тоа е истиот тој Коцевски кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување.
Бараме и очекуваме ЈО да се надмине себеси и за овој скандал од невидени размери да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите кои ги злоупотребиле институциите и ќе ги извади пред лицето на правдата“.
Македонија
Нема активни пожари во државата, еден е под контрола, а изгаснати се 22

Во последното деноноќие, до 07 часот утрово, на територијата на Македонија имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 22 пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што информираше ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија, на планината Кожуф (приземен пожар).
Македонија
„Влен“: Правичната застапеност станува закон, а не фасада за непотизам на ДУИ!

„ДУИ, сега ребрендирана како Алијанса на коалиции на интереси (АКИ), 20 години ги држеше Албанците како заложници, користејќи го принципот на правична застапеност како маска за корупција, пазарење и одржување на својата моќ по секоја цена. Овој закон, кој требаше да биде одобрен во 2003 година, исчезна од агендата преку валкани зделки, клански интереси и политички игри. За нив, правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти“, велат од „Влен“.
„Денес, благодарение на нашата влада, неправдата завршува. Со овој закон, секоја институција ќе биде обврзана да го почитува и унапредува принципот на фер и соодветна застапеност. Формирањето на Владино координативно тело, предводено од вицепремиерот, ќе го следи и гарантира неговото спроведување. Во рок од шест месеци, сите секторски закони ќе бидат усогласени со обврските што произлегуваат од овој закон, со што еднаквоста и правдата ќе станат функционален стандард за сите граѓани.
Ова е разликата помеѓу ДУИ и ВЛЕН. Тие ги користеа институциите за да се збогатат себеси и својот круг, ние ги користиме за да донесеме еднаквост и правда. Тие го сменија Кривичниот законик за да ги спасат сопствените корумпирани, ние ги менуваме законите за да гарантираме правична застапеност за сите. Тие донесоа штетни проекти како Отворен Балкан, ние носиме европски стандарди и правна еднаквост“, соопшти „Влен“.