Македонија
Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство информира.
Направени се 3.108 тестирања. Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 76.
Во Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 12 починати лица: шест од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по две лица од Гостивар (58г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г). Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.