Свет
ЕУ повика на итно запирање на ескалацијата меѓу Израел и Палестина
Европската Унија ги повика двете страни во неодамна ескалираниот израелско-палестински судир да престанат со насилството, се вели во соопштение објавено на официјалната веб-страница на ЕУ денеска.
„Значителниот бран насилства во окупираниот Западен Брег, како и во источен Ерусалим и во и околу Појасот Газа, треба веднаш да престане. Истрелувањето ракети од Газа против цивилното население во Израел е неприфатливо и ја засилува ескалацијата. Сите лидери имаат одговорност да дејствуваат против екстремистите. Ова статус кво на светите места мора целосно да се почитува. Приторитет е да се спречат натамошните цивилни жртви“, се вели во соопштението.
Палестинскиот дневен весник „Ал-Кудс“ објави претходно дека насилството избувнало во понеделникот откога израелската полиција влезе во џамијата „Ал-Акса“ во Стариот град на Ерусалим и употреби гумени куршуми, солзавец и шок-бомби против присутните во верскиот објект. Стотици Палестинци беа повредени во последователните судири со израелските полициски сили во источен Ерусалим.
Непосредно пред полноќ израелските медиуми објавија дека палестинските милитанти истрелале повеќе од 150 ракети на територијата на Израел, но дека десетици од нив биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана. Израел возврати со ракетни напади против палестинските милитанти на територијата на Појасот Газа.
Палестинската радиостаница „Савт ал-Акса“ претходно објави, повикувајќи се на свои извори во локалното Министерство за здравство, дека повеќе од 20 лица, вклучително и девет деца, биле убиени и 70 повредени како резултат на ракетните напади на Израел врз Појасот Газа.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изрази загриженост за ескалацијата во Појасот Газа и рече дека ракетните напади против Израел мора веднаш да запрат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.