Македонија
Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника
Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен…
Posted by Radmila Sekerinska on Вторник, 11 мај 2021
„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката, д-р Милена Стевановиќ, нѐ информира дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам бргу да оздрави. Благодарни сме им на Инфективната клиника и на сите што учествуваа во медицинската евакуација“, напиша Шекеринска на „Фејсбук“.
Заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат кон протоколите за работа.
Заразениот војник заедно со уште еден војник бил во Мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската Република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

