Македонија
(Видео) Милошоски: Европскиот пат ќе ни се отвори само со смена на Владата на Заев
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска во изјава за медиумите зборуваше за блокадата на Македонија од страна на Бугарија и истакна дека со Зоран Заев на чело на државата нема европска перспектива.
Според него, само по смената на оваа Влада ќе има отворање на европскиот пат и на нови можности.
Милошоски посочи дека Зоран Заев е политичар кому не може да му се верува.
„Тој се колнеше и во сопствените деца дека нема да ги смени Уставот и името, па потоа видовме што се случи. Денес се колне во идентитетот и јазикот и не е за верување затоа што сметаме дека неговиот план е да ги стави на трговија етногенезата на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. А тоа е погубно затоа што народ и јазик без своја етногенеза не се свои на своето“, посочи претставникот на опозициската партија при денешната посета на општина Могила.
Милошоски вели и дека Заев три години ја лажел македонската јавност дека сме добиле датум за почеток на преговорите.
„Во 2018 година, кога првпат излажа дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и се сликаше во авион за таа вест, немаше вето од Бугарија, но денеска, за жал, имаме и блокада од Бугарија, но имаме и уште еден поголем проблем, а тоа корупцијата во државата, која е рангирана на 111. место на светската листа на корумпирани држави“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој порача дека само смена на Владата ќе значи отворање нови можности за европска перспектива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

