Контакт

Македонија

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Објавено пред

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ, да одговараат за случајот „Плацови на Водно“ и поднесе обвинителен акт.

dobivaj vesti na viber

Според Обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои, наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно.

Во сето ова тој не бил сам. Сите се гонат за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, а Мијалков за помагање при извршување на кривичното дело.

„На обвинетиот Н. Г. му се става на товар дека сторил кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело и кривично дело противправно стекнување и прикривање имот. Обвинетите Р. Н., Н. Ј., Ј. К. и Р. К. К. се товарат дека сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, а С. М. е обвинет за помагање при кривично дело перење пари“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Обвинителот, ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривичната постапка, бара продолжување на притворот за бизнисменот Орце Камчев, притвор за експремиерот Никола Груевски по неговото пронаоѓање, еднаш неделно да се пријавува во суд и одземање на македонскиот и на бугарскиот пасош за Ратка Камчева, мајка на Орце Камчев. Да се јавува еднаш неделно во судот се бара и за Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор-фирма на Белизе.

Обвинителството смета дека постојат основи за определување на притворите. Според посочениот член од Законот за кривичната постапка, обвнителот се сомнева дека постои опасност осомничените лица да се скријат, но и околности што укажиуваат дека тие може да се дадат во бегство.

Според обивнението, во периодот од јуни 2006 година до октомври 2012 година во Скопје, првообвинетиот Н. Г. противправно присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени во врска со неговата работа и притоа присвоил износ од најмалку 1.300.360 евра или 79.972.140 денари. Тој во овој период како одговорно лице, претседател на политичка партија, дел од паричните средства што бил даван како донација за финансирање на политичката партија не го прикажал како примена донација, туку го присвоил за себе.

Од октомври 2012 година до септември 2013 година Н. Г. парите ги пуштил во оптек за што со умисла му помогнал обвинетиот С. М.

Така, откога обвинетиот Н. Г. во средината на 2012 година дознал дека физички лица што се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од речиси 11.000 квадратни метри, лоцирано на Водно, побарал од обвинетиот С. М. да му помогне да го купи, при што ќе го прикрие изворот на парите и дека тој е сопственик на земјиштето.

Обвинетиот С. М. стапил во контакт со обвинетиот Н. Ј., кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор-фирма на Белизе, и се договорил оваа фирма да биде основач на домашно правно лице, кое ќе биде употребено за купување на земјиштето.

Иако знаел дека неговото правно лице ќе се користи за прикривање на вистинскиот сопственик на купувачот на земјиштето, обвинетиот Н. Ј. во договор со обвинетиот С. М. основал правно лице во Скопје, на кое обвинетиот Р. Н. станал управител.

Кога била постигната согласност за купопродажната цена, обвинетиот Н. Г. во повеќе наврати на девизната сметка на правното лице во Скопје, преку сметката на правното лице од Белизе, пуштил во оптек парични средства прибавени со кривично дело.

Обвинетиот Р. Н. ги примил паричните средства и во својство на управител на правното лице со сопствениците на земјиштето потпишал договор за купопродажба за купување шума со површина од 11.255 квадратни метри по што извршил плаќање кон продавачите во износ од 1.299.215 евра, а дел од преостанатите приливи го употребил за плаќање данок на промет на недвижности.

Во периодот од јуни до октомври 2015 година обвинетиот Н. Г. купениот имот, чии парцели со промените на ГУП на Град Скопје 2012-2022 година биле пренаменети во градежни парцели и уделот на правното лице од Белизе во правното лице во Скопје, го пренел на обвинетите Ј. К. и Р. К. К. Обвинетиот Ј. К. како управител на правно лице и обвинетата Р. К. К. како краен сопственик на истото правно лице, иако знаеле дека имотот е прибавен со кривично дело, го примиле во сопственост на нивното правно лице и донеле одлука преземеното правно лице да се преименува и сопственоста да се пренесе на правните лица каде што обвинетиот Ј. К. е управител, а обвинетата Р. К. К. сопственик. Потоа, по претходно донесена одлука за физичка делба, парцелите биле поделени на три нови парцели, од кои едната била продадена на заинтересирано правно лице.

Уделите во преименуваното правно лице и другите две парцели фиктивно биле пренесени на трето лице, без да биде платен уделот и со договор во кој бил определен рок за исплата на купопродажната цена со клаузула дека ако рокот не биде почитуван, договорите се ништовни, со што ги прикриле локацијата на имотот и неговата сопственост.

Воедно, обвинетиот Н. Г. како службено лице спротивно на законската должност, со намера да го прикрие имотот што го стекнал додека вршел државна функција, а кој во значителна вредност ги надминува неговите законски приходи во анкетниот лист што го доставил по престанокот на функцијата до антикорупциската комисија, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Р. Н. Па, така, во графата „недвижен имот“ не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 м2 и 57 м2, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 м2 и две градежни парцели во Крушево во вредност од 795.424 денари.

Надлежниот обвинител со обвинителниот акт на судот му предложи предметниот недвижен имот – трите плаца на Водно – да бидат конфискувани, како и становите од 57 м2 во вредност од 60.000 евра и 38 м2 во вредност од 41.000 евра, градежното земјиште со површина од 2.729 м2, евидентирано во имотен лист за КО Центар 2 во вредност од 7.365.600 денари и двете градежни парцели за КО Норово – Крушево во вредност од 795.424 денари.

Македонија

ДЗС со вежба го одбележа Светски ден на цивилната заштита

Објавено пред

Со вежба за цивилна заштита и спасување во битолско викендов се одбележува 1 Март – Светски ден на цивилната заштита. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во изјава за медиумите истакна дека овој ден е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, кои секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други опасности.

dobivaj vesti na viber

По повод Светскиот ден на цивилна заштита, во соработка на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и Доброволно противпожарно друштво  (ДПД) „Архангел“ од Битола, беше реализирана дводневна вежба во Битола и кај манастирот „Св. Ѓорѓи“ во битолското село Велушина (во предел кон границата со Грција).

– Првиот ден се реализираше презентација на улогата на ДПД во системот за заштита и спасување со разменување теортетски и практични искуства и добри искуствени практики. Вториот ден, при показната вежба – симулација на настан „Гаснење пожар на отворен простор“ се примени јасна командно-контролна структура (ICS), со однапред утврдени улоги и одговорности во насока на јакнење на меѓуинституционалната соработка и со доброволните друштва, нагласи Ангелов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со Христијан Мицкоски на чело на Владата има драматичен пад на директните странски инвестиции од 61 отсто, односно намалување од 729 милиони евра во 2025 година во споредба со 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Во 2024 година има рекордна вредност на директни странски инвестиции од 1.196.000.000 евра, а сега во 2025 година само 467 милиони евра. Тоа е резултат на економската политика на оваа Влада – едноставно дебакл“, изјави Филипче, повикувајќи се на податоци од Народната банка.

Тој нагласи дека бројките значат работни места и благосостојба, посочувајќи дека во време на владите на СДСМ биле отворени 16 нови фабрики и над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.

Филипче тврдеше дека сега се бележи повлекување на компании и кратење на производствени линии, при што, како што рече, „илјадници работни места се под ризик“.

Тој ја обвини Владата за „тотална негрижа“, посочувајќи на, како што наведе, буџетски дефицит од близу две милијарди евра, издавање две еврообврзници во вредност од една милијарда евра и барање нови 300 милиони евра задолжување.

Филипче додаде дека СДСМ предложила зголемување на минималната плата и пренамена на буџетски средства, но дека власта го одбила предлогот. Според него, намалени се средствата за земјоделство и за пациенти со ретки болести, додека, како што рече, „има пари само за тендери блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Нема напредок, нема дури ни стагнација – има назадување на сите процеси во државата“, изјави Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инвеститори граделе без одобрение во Охрид и Струга, инспекторатот наложил уривање

Објавено пред

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, таа како инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор во општина Охрид, изградила објект за домување. Надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.

ОВР Струга, пак, поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, исто така поради сомнение за „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, без правосилно одобрение од општинскиот орган, изградил објект за домување и гаража на катастарска парцела во Струга.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија2 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет4 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет5 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет10 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет14 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет14 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет14 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет15 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет15 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет16 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија16 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет16 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет16 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет19 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија21 час

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет21 час

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...