Забава
Принцот Хари нема да врши притисок врз своите деца
Принцот Хари откри дека на своите деца нема да им пренесе некоја сопствена болка или страдање.
Војводата од Сасекс, кој има двегодишен син Арчи и ќерка на пат со неговата сопруга Меган, сака да се осигура дека „ќе го прекине циклусот “ со тоа што нема да ги врши истите притисоци врз своите деца со кои се соочувал кога бил мал.
Хари сугерира дека неговиот татко, принцот Чарлс, можеби му пренел болка или страдање по смртта на принцезата Дајана во 1997 година, но дека ќе се потруди да не го стори истото со своите деца.
Во текот на настапот на поткастот Armchair Expert на холивудскиот актер Дакс Шепард, војводата од Сасекс рече: „Нема вина. Не мислам дека треба да покажуваме со прст или да обвинуваме никого.“
„Но, секако кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдање поради болка што можеби ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус.“
„Како и да е, генетската болка може да се пренесе, па ние како родители треба да направиме максимум што можеме, и да се обидеме да кажеме ‘тоа што ми се случи мене, ќе се погрижам да не ти се случи тебе’“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

