Свет
Ирачки пратеник бара прекин на врските со заливските земји кои ги нормализираа односите со Израел

Ирачкиот пратеник Хасан Салем во неделата повика владата во Багдад да ги прекине врските со земјите од Персискиот Залив, кои потпишаа договори за нормализација со Израел, пконкретно со ОАЕ и со Бахреин, пренесува „Мидл Ист монитор“
Тој ја додаде и Саудиска Арабија во групата бидејќи се знае дека има неофицијални врски со Израел.
„Ирачката влада треба да ги прекине врските со земјите што ги нормализираа односите со ционистичкиот ентитет и ја предадоа палестинската кауза преку нивната поддршка за ционистичкиот ентитет во бомбардирањето цивили и деца и масакрите извршени во Газа. Недостојно е за Ирак, кој секогаш го поддржуваше палестинскиот народ, да има односи со предавниците што продаваа и заговараа против Палестина и нејзиниот народ“, рече Салем.
Тој ја истакна потребата ирачката влада да ја напушти лажната политичка учтивост кон овие предавнички режими, кои му биле, како што тврди тој, десна така на Израел во убиството на луѓе во Ирак, Либан, Сирија, Јемен и од неодамна во Палестина.
„Тие го поддржуваат терористичкиот ционистички ентитет, кој изврши масакри врз деца, стари лица и жени“, вели Салем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.
Свет
Шефот на СЗО го осуди нападот врз болницата: Ужасно

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) ги осуди нападите врз здравствените установи во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел.
„Извештаите за напади врз здравствената заштита досега се ужасни“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на социјалните медиуми.
The escalation of hostilities between #Israel and #Iran is putting health facilities and access to health care at risk. The reports on the attacks on health so far are appalling.
This morning's attack on Soroka Medical Center in Israel — the only major hospital in the south –… pic.twitter.com/nNJsVQ2Jxf
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) June 19, 2025
Тој предупреди за утринскиот напад врз Медицинскиот центар Сорока во Израел, како и за извештаите за смртта на работник на иранската Црвена полумесечина во Техеран.
„Ги повикуваме сите страни да ги заштитат здравствените установи, здравствените работници и пациентите во секое време. Најдобриот лек е мирот“, напиша тој.