Забава
Аријана Гранде и Далтон Гомез се венчаа во тајност
Аријана Гранде тајно се венча со Далтон Гомез изминатиот викенд.
Пејачката и нејзиниот партнер Далтон викендов се венчаа на мала и интимна церемонија на која присуствуваа само неколку членови на нивното најблиско семејство и пријатели, потврди нејзиниот претставник.
„Тие се венчаа. Беше мало и интимно – помалку од 20 луѓе. Просторијата беше толку среќна и полна со љубов. Двојката и двете семејства не можеа да бидат посреќни“, рече претставникот во изјава за магазинот „Пипл“.
Венчавката на Аријана и Далтон се одржа во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.
„И Ари и Далтон го сакаат Монтесито. Тие поминуваат многу време таму. Се чини сосема природно да се венчаат во прекрасната и историска куќа на Ари“, анонимен извор близок до парот открива за „Пипл“.
Пејачката (27) ја објави својата свршувачка со 25-годишниот агент за недвижнини во декември, кога на Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот прстен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Читач на усни открива што Џеј Зи и рекол на Бијонсе кога освои Греми
Бијонсе ја освои наградата за албум на годината за Каубој Картер на 67. Греми награди. Кога беше прогласена за победничка, Бијонсе шокирана, стана за да излезе на сцената и да ја прими наградата. Пред да излезе на сцената и пријде сопругот Џеј Зи.
Тој ѝ шепна нешто на уво, а сега читателот на усни Ен Џеј Хиклинг за Мирор откри што и рекол раперот на Бијонсе.
JAY-Z telling his wife Beyoncé that the underwire of her bra was showing before she went on stage.
Never slipping. ❤️ pic.twitter.com/SqeXEIj9BG— 💎🍾 (@TheRocSupremacy) February 3, 2025
„Леле, леле, леле. Време е! Ти си најдобра”, наводно ѝ рекол Џеј Зи на Бијонсе.
Забава
Девојка со интересен транспарент на протест во Србија насмеа многумина
Низ Србија се одржуваат масовни протести, а пред два дена во Лазаревац на повик на матуранти голем број граѓани излегоа на улиците да дадат поддршка на студентите кои протестираа и да им оддадат почит на загинатите при уривање на настрешница во Нови Сад.
Меѓу демонстрантите се издвои една девојка која држеше транспарент со интересен натпис, кој стана вирален хит на социјалните мрежи.
„Не го сменив поранешниот, но ќе го сменам системот“, пишува на транспарентот кој насмеа многумина. Во коментарите под објавата на фејсбук се огласи и наводниот автор на пораката.
„Транспарентот е мој. Дозволете ми да објаснам. Поранешниот е поранешен затоа што не сакал да се смени и затоа е логично поранешен. А системот не функционира и мора да се промени, разбирате?“, објасни таа во коментарите, а многумина напишаа дека нејзината порака е една од најоригиналните што ги виделе на протестите.
Забава
По Бред Пит, на мета на измамници се најде и Сандра Булок, таа се јавила во полиција
Неодамна сите светски медиуми пишуваа за измама со Бред Пит, кога непознат маж претставувајќи се како познатиот актер, ја измамил 53-годишната Ана од Франција. Сега во сличен проблем се најде и Сандра Булок (60), која ја информира јавноста за измамници кои лажно се претставуваат како неа.
Таа изрази длабока загриженост и за безбедноста на нејзиното семејство и за експлоатацијата на невините жртви, од кои сторителите, наводно, бараат пари. Во своето ретко јавно обраќање, Сандра јасно изјави дека не ги користи социјалните мрежи и ги повика своите фанови да бидат внимателни кога станува збор за лажни профили чии креатори го искористуваат нејзиното име.
„Длабоко сум загрижена за безбедноста на моето семејство и експлоатацијата на невини луѓе и моментално сум фокусирана на соработка со полицијата, до која се обратив за помош. Сите профили кои се преправаат дека сум јас или некој поврзан со мене се лажни и се создадени за финансиски измами или искористување луѓе. Немам профили на социјалните мрежи“, изјави актерката за „Пипл“.
Првото предупредување преку социјалните мрежи го испрати помладата сестра на Сандра Гесине Булок-Прадо (54), која откри дека неколку луѓе на Фејсбук се преправале дека се таа. „Јас пријавувам измами неколку пати на ден, добивам чудни и застрашувачки мејлови на мојата работа и лични адреси од мажи и жени кои веруваат дека се во врска со мојата сестра и кои понекогаш депонирале илјадници долари“, напиша Гесине, споделувајќи слики од лажните сметки.
Таа, исто така, откри дека сите тие сè уште биле активни и покрај нејзините пријави до Фејсбук и неговата безбедносна служба. Решена да ги заштити другите од тоа да станат жртви на такви измами, Гесине ги повика своите следбеници да пријават и блокираат сомнителни сметки, додавајќи дека и таа била принудена да ја вклучи полицијата во приказната поради сериозноста на ситуацијата, пофалувајќи ги за нивната брза реакција.