Економија
Мултифункционална компанија – можност за професионален развој
Културата на брз раст, постојната надградба и фокусот на личниот развој се трите столбови на организациската поставеност во Scalefocus. Компанијата силно верува дека секој може уште да учи и да расте во својот кариерен пат, без разлика каде се наоѓа на скалата на успехот.
Следејќи ги новите трендови, од минатата година, Scalefocus ја активираше политиката на „Work from Everywhere“. Новото време е проследено со многу патувања и со промена на локацијата на работење. Секако, тоа повеќе не е предизвик за ИТ-професионалците од Scalefocus. Со можноста за работа од каде било, веќе не е задолжително да се доаѓа во канцеларија. Компанијата отвори многу функционални канцеларии како важен дел од функционирањето, но реши да ги користи на пофлексибилен начин, што е одлично прифатено од вработените.
„За дополнително да ги мотивираме кандидатите, за одредени позиции објавуваме бонус за потпишување договор во вредност до 4.000 евра. Можноста ќе биде активна до крајот на месец јуни. Затоа, побрзајте и придружете се на патот за постојан развој“, вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице на Scalefocus, Скопје.
![]()
Во компанијата постојат многу можности за развој и за споделување на знаењата. Затоа што, како што објаснува Ѓоко Костадинов, Principal Software Engineer „Scalefocus нуди многу можности за професионален развој. Секој човек е одговорен за својот раст, но компанијата го стимулира личниот развој со организирани предавања и можности за едукација на најпознатите едукативни платформи. Темпото на развој, се разбира, зависи од секој поединец.“
![]()
Костадинов додава дека за стабилноста на компанијата не е доволно таа само да се фокусира на развојот на своите луѓе. „Односно, потребно е да се сподели знаењето кое се генерира внатре во компанијата преку работа на проекти со целата ИТ-заедница. На тој начин, ја подобруваме состојбата во ИТ-секторот во целиот регион и сите компании имаат поквалитетни кадри на располагање. Во минатиов период одржавме серија од онлајн настани и планираме да продолжиме со исто темпо во иднина“.
Со ова се согласува и Ивица Мицев, менаџер на DevOps и Data технологиите, кој вели дека најголем дел од колегите на менаџерски позиции се изградени од капацитетите на компанијата. „Секој има право да го избере сопствениот кариерен пат и ние како компанија тоа го поддржуваме со постојана евалуација и совети за лична надградба. Но, активно придонесуваме и кон развојот на ИТ-заедницата во регионот. Наши колеги се водачи на неколку клучни заедници во Македонија и на тој начин го подобруваме капацитетот и квалитетот на нашите ИТ професионалци“, додава Мицев.
![]()
Компаниите на 21 век размислуваат и за можноста секој вработен да ги искористи своите флексибилни бенефити, но и за општествената одговорност.
„Scalefocus се грижи за своите луѓе. Една од основните придобивки на секој вработен е можноста за флексибилни бенефити. Очигледно, секој од нас е различен и има различни потреби. Поради тоа, Scalefocus ни овозможува сами да избираме, па дури и да предлагаме дополнителни бенефити соодветно на нашите потреби. Дополнително, преку програмата Spirit of Scale учествуваме во различни иницијативи и активности за подобрување на работната атмосфера интерно во компанијата, но и во граѓански иницијативи за подобрување на заедницата во која живееме. Редовно се приклучуваме на локални акции за помош и поддршка како поединци, но и како компанија, бидејќи околината во која живееме е навистина важна за нас“, вели Александра Шумкоска – Software Engineer/Spirit of Scale Ambassador во Scalefocus.
![]()
Повеќе информации за можноста за sign-on бонус може да најдете на следниот сајт: https://www.scalefocus.com/careers-northmacedonia
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

