Свет
Директорот на СЗО: Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека и покрај падот на бројот на заболени и починати од коронавирус на глобално ниво, и поголем број вакцинирани во одредени земји, пандемијата не е завршена.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на брифинг во Женева изјави дека има забележителен пад на починати и заболени втора недела по ред, но предупреди дека во побогатите земји се развива свест дека пандемијата е завршена затоа што имаат голем број вакцинирани, додека во другите делови на светот ситуацијата е сериозна.
„Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена и нема да заврши никаде додека не заврши насекаде“, вели директорот на СЗО.
Тедрос предупредува дека новите варијанти, слабите здравствени системи, половина од примената на мерките за заштита, како и недостигот на медицински средства и вакцини ја влошуваат состојбата во посиромашните земји. Ова, како што појаснува, ја компромитира набавката на вакцини на глобално ниво и подвлекува дека наскоро во програмата „Ковакс“ ќе останат без вакцини.
Програмата за дистрибуција на вакцините до сиромашните земји се потпираше на вакцините од Институтот за серум во Индија, кој ја произведува вакцината на „Астразенека“. Но, многу од овие вакцини нема да излезат од Индија затоа што им се потребни на тамошните луѓе кои се борат против вирусот.
Шефот на СЗО предупреди дека Ковакс ќе има 190 милиони дози помалку од планираното до крајот на јуни и дека досега се испорачани 65 милиони дози во 124 земји. Но, Ковакс и натаму зависи од земјите донатори и од исполнувањето на обврските од страна на производителите за обезбедување вакцини.
Тедрос рече дека производителите на вакцината на „Астразенека“ полека ги зголемуваат количините на произведени вакцини, но дека другите не го прават тоа. „Фајзер“ вети дека ќе му даде на „Ковакс“ 40 милиони вакцини оваа година, но само во втората половина на годината.
„Вакцините ни се потребни веднаш за да можеме да ги дистрибуираме што е можно побрзо“, вели Тедрос.
Тој исто така ги повика богатите земји кои имаат вишок вакцини да ги дистрибуираат на сиромашните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

