Контакт

Култура

(Видео) Одбележан значаен јубилеј: 45 години изучување на македонскиот јазик на московскиот универзитет „Ломоносов“

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свечен настан го одбележа значајниот јубилеј 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј којшто е исклучително значаен за македонистиката.

dobivaj vesti na viber

„Овде и денес се присутни дел од луѓето – лектори, некогашни и сегашни, предавачи и професори, коишто вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет ‘М. В. Ломоносов’, пред сè како кадри што излегоа од Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’. Секако не смееме да ги заборавиме оние без кои ова немаше да се случи, а тоа се пред сè, академик Рина Павловна-Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески.

Овде и денес се присутни луѓето кои покажуваат дека мостот помеѓу двата универзитета, меѓу „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, меѓу Скопје и Москва, меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес. Овде и денес се присутни луѓето кои се гаранција дека оваа врска ќе функцонира уште долго и дека ќе поврзува нови и нови генерации македонисти и слависти од двете земји“ – истакна ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, во своето поздравно обраќање со коешто ја отвори свеченоста.

Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија го повтори ставот дека за руската научна мисла не постои никаква дилема околу постоењето, односно автентичноста и посебноста на македонскиот јазик како рамноправен јазик во големото семејство на (јужнословенски јазици. И тој како и Н. Е. Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, изрази големо задоволство од ова одбележување. Имено, во рамките на овој јубилеј – 45 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на „Ломоносов“, како дел од големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Конески, се случува и најновата генерација студенти, идни македонисти, и тоа десетта по ред.

На настанот се обратија и деканите на филолошките факултети од на МГУ „М. В. Ломоносов“и УКИМ, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт и проф. д-р Анета Дучевска, а работниот дел на настанот го отвори директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

„Емил Бенвенист во вториот том од својата „Општа лингвистика“ пишува дека човек се раѓа двапати: еднаш од своите родители и еднаш во јазикот (…) а јазикот е култура и културата е – јазик! Во името на македонскиот јазик како култура денес се радуваме на еден исклучителен јубилеј – 45 години македонистика на Филолошкиот факултет при МГУ Ломоносов.

Она што го започна академик Рина Павловна Усикова, инаку долгогодишна учесничка и на летните школи и на меѓународните научни коференции одржани во рамките на МСМЈЛК во Охрид и авторка на повеќе од 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски јазик, успешно го допишуваат и академик Ала Шешкен и проф. д-р Елена Верижникова, заедно со лекторите избрани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што тоа некогаш беа: проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, проф. д-р Илија Чашуле, проф. д-р Кита Бицевска, проф. д-р Красимира Илиевска, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска, д-р Емил Ниами, Роза Тасевска…, и како што е сегашниот лектор м-р Марија Пандева. Денес сме исправени пред убавиот јубилеј на успешната приказна – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, која ќе ја допишуваат студентите на најновата генерација македонисти, како и студентите на постдипломските и докторските студии кои се одлучиле својата надградба да ја остварат преку истражувања и пишувања на магистерски и докторски тези на теми од македонскиот јазик и литература“ – истакна Мојсова-Чепишевска.

Со свои излагања, во работниот дел на настанот учествуваа: академик Ала Шешкен, проф. д-р Максим Каранфиловски, д-р Елена Верижникова, Роза Тасевска, м-р Марија Пандева и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија на Московскиот државен универзитет – на сите нивоа, додипломски, постдипломски и докторски студии.

„45 години лекторатот по македонскиот jазик на Катедрата по славистика на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитете е значаен повод да им искажеме почит на лекторите, на тие несебично предани на професиjата луѓе, професори доjдени на нашиот факултет со длабоки знаења од областа на македонскиот jазик, на македонската литература, на раскошниот фолклор и култура на македонскиот народ. Во плодна соработка со нашите професори, пред сè со истакнатиот македонист Рина Усикова, лекторите по македонски јазик дадоа врвен придонес во успешниот развоjот на македонистиката на нашиот факултет и во нашата земjа. Нашите студенти (македонисти) вработени во различити државни структури, во Руската академија на науките (РАН), во Министерство за надворешни работи, на другите универзитети во Руската федерација покажаа исклучително солидна подготовка и направија многу успешна кариера. Секако, искажувам и голема благодарност до Меѓународниот семинар за македонскиот jазик, литература и култура за соработката и помошта.

Во сегашните сложени услови на пандемиjата младата лекторка Мариjа Пандева успешно ја продолжува традициjата и е многу вешта во изнаоѓањето на новите аспекти во методиката на наставата по македонски јазик и книжевност“ – истакна академик Шешкен во своето излагање.

По одбележувањето на овој јубилеј – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ во наредниот период ќе се случи и одбележувањето на уште еден јубилеј – 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет, а се планира и промоција на Зборникот од Првата зимска школа на МСМЈЛК – „Конески на 11 јазици“.

Сите настани се дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остваруваат во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Култура

Премиера на кратките филмови создадени во „Филмска училница“

Објавено пред

На 13 декември, сабота, со почеток во 19:00 часот, во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката на Република Северна Македонија и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД.

dobivaj vesti na viber

Премиерно ќе бидат прикажани четири кратки филма создадени во рамките на училницата: КЛЕТВАТА НА ПАПАГАЛОТ, ТИ И ЈАС, РОДЕНДЕНСКА МИТЕРИЈА, ПИСМОТО ЗА НАСТАВНИЧКАТА и ДЕВОЈЧЕТО НА СЛИКАТА.

Филмските училници од проектот ФилмЕД се одржуваа секоја сабота во Кинотеката во текот на првото полугодие од учебната 2025/26 година, а во нив учествуваа деца на возраст од 11 до 14 години. Под менторство на режисерите Саша Станишиќ, Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш, младите учеа за основите на филмската уметност и активно работеа на создавање на свои први кратки филмови – во улоги на режисери, сниматели, актери и сценаристи.

„Филмска училница ФИЛМЕЈ“ е дел од проектот ФилмЕД, кој, покрај развој на методологии за филмска едукација, има за цел да ѝ понуди на младата публика можност да гледа филмови, но и место за дијалог и критичко промислување за нив. Преку интерактивни и креативни процеси, учесниците стекнаа основни знаења за филмот и филмската уметност, развија критичко размислување и добија практични вештини за создавање видео-содржини како средство за лично изразување. Кратките филмови што ги создадоа на овие училници утревечер ќе бидат прикажани пред нивните семејства, пријатели и пошироката јавност.

Кинотеката на Северна Македонија и Гете-институтот Скопје се дел од меѓународниот проект FilmED (Film Education), финансиран од Европската Унија преку програмата МЕДИА. Покрај нив, во проектот учествуваат партнери од Полска (Centrum Kultury Filmowej im. Andrzeja Wajdy), Унгарија (Nemzeti Filmintézet Közhasznú Nonprofit Zrt.), Чешка (Kruton) и Словачка (Kino Úsmev), а координатор на целиот проект е Гете-институтот во Прага.

Прикажи повеќе...

Култура

Сашо Блажес изложува на меѓународна изложба во Кина

Објавено пред

Од

Современиот уметник Сашо Блазес е учесник на меѓународната групна изложба „Par-delà les nuages – abstraction“, организирана од реномираниот француски колектив Réalités Nouvelles, која се одржува во Сужоу, Кина, од 14 декември до 25 февруари.

dobivaj vesti na viber

Изложбата обединува современи апстрактни уметници од повеќе земји и ја истражува апстракцијата како универзален визуелен јазик што ги надминува културните и географските граници.

Проектот е куриран од Оливие Ди Пицио (Франција) и реализиран во соработка со француски и кинески културни институции.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

Објавено пред

Од

Во понеделник, 15.12.2025, со почеток во 20 часот, во новиот ЛАБОРАТОРИУМЛабораториум (12 Македонска Ударна Бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница – некогашен Јукан), ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“, од Јовица Ивановски.

dobivaj vesti na viber

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ46 минути

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија1 час

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија4 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ4 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија5 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија6 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија6 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија7 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет7 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет7 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет8 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет8 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет8 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет9 часа

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија19 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија24 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија1 ден

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....