Свет
Леден брег поголем од Мајорка се оддели од Антартикот
Џиновска санта мраз со површина од повеќе од 4.000 квадратни километри се оддели од ледената полоча Рона на Антарктикот, пренесува РТ.
Ледениот брег, наречен А-76, сега е најголемата лебдечка ледена маса во светот – долг е околу 170 км и широк 25 км – и е поголем од шпанскиот туристички остров Мајорка, кој се протега на 3.677 квадратни километри.
Meet the new cool kid on the iceberg block: the recently calved #A76 is now the biggest iceberg in the world!
The iceberg was spotted by @BAS_News and confirmed from @usnatice using @CopernicusEU #Sentinel1 imagery.
Here's how it looked on 16 May?https://t.co/GgFk6kIJLv pic.twitter.com/xOVWjidsZw— ESA EarthObservation (@ESA_EO) May 19, 2021
Одделувањето на брегот го снимила мисијата „Коперникус сентинел-1“, а сателитските снимки ја прикажуваат ледената маса како се двои од ледената плоча во Веделовото Море во речиси совршено права линија.
Претходниот рекордер A-23A е со големина од речиси 3.880 квадратни километри.
Раѓањето на новиот леден брег доаѓа кусо време откако гигантската табуларна санта мраз А-68, која беше вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, конечно се стопи во април.
Сантата, која за време на своето одделување се протегаше на речиси 5.800 квадратни километри, порано беше еден од најголемите забележани пловечки ледени тела. Таа се оддели од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот уште во јули 2017 година и почна три и полгодишно патување кон Јужниот Атлантик, кое будно го следеа сателитите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.
Свет
Одборот за мир на Трамп со план за поствоена Газа: Нова управа и демилитаризација
На состанокот на Одборот за мир, поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, високи претставници денеска претставија рамка за поствоено управување, безбедност и обнова на Газа, јавува „Анадолија“.
Предлогот предвидува формирање нови административни тела, преодни палестински полициски сили и целосна демилитаризација.
Генералниот директор на Одборот за мир, Николај Младенов, најави формирање Канцеларија на висок претставник за Газа, која ќе обезбедува поддршка на идното цивилно раководство на Појасот Газа.
„Денес со големо задоволство објавуваме дека формираме Канцеларија на висок претставник за Газа при Одборот за мир, која ќе биде тука да го поддржи, насочува и помага Националниот комитет за управување со Газа, со цел, се надеваме, да се отстранат пречките со кои ќе се соочи при преземањето на цивилната и административната контрола врз Појасот Газа“, изјави Младенов.
Тој посочи дека канцеларијата ќе работи под надзор на Одборот и неговото извршно тело, во координација со израелските и палестинските институции, како и со меѓународните стабилизациски сили.
Младенов потврди дека почнал процес на регрутација на преодните палестински полициски сили.
„Од утрово го започнавме процесот на регрутација на палестинските полициски сили… и веќе во првите часови имаме 2.000 пријави од лица кои сакаат да се приклучат на новата преодна палестинска полиција која ќе биде формирана во Газа под надлежност на Националниот комитет, со поддршка од Одборот за мир, а обуката ќе се одвива во Египет“, рече тој.
Тие сили, според него, ќе имаат клучна улога во воспоставувањето ред за време на преодниот период и во ставањето на оружјето под контрола на една цивилна власт.
Младенов им се заблагодари на Катар, Египет и Турција за поддршката и нагласи дека обновата зависи од разоружување.
„Нема друга опција освен целосна демилитаризација и отстранување на целото оружје во Газа за да може обновата да започне и луѓето да добијат нова перспектива за живот во иднина“, изјави тој.
На состанокот говореше и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој оцени дека со децении управувањето со Газа било обележано со екстремизам, корупција и неефикасни институции.
„Ова е визија за Газа како дел од Блискиот Исток во мир… вистинска посветеност на регион во кој, без разлика дали сте муслиман, Евреин, христијанин или не припаѓате на ниту една вера, можете да напредувате со сопствен труд и да чувствувате дека вашата влада е со вас, а не против вас“, рече Блер.
Тој додаде дека предложената рамка на претседателот Трамп „останува најдобрата, па дури и единствената надеж за Газа, регионот и поширокиот свет“.
Свет
Семејството на Вирџинија Џуфре го поздрави апсењето на Ендрју
Братот и снаата на Вирџинија Џуфре изјавија дека „славеле“ по веста за апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор.
Џуфре, која почина минатата година, беше една од најпознатите тужителки во аферата со Џефри Епстин и го обвинуваше Маунтбатен-Виндзор за сексуален напад. Тој сега е уапсен под сомнение за злоупотреба на положба и овластувања, пренесува „Би-Би-Си“.
Аманда Робертс, сопруга на братот на Џуфре, Скај Робертс, изјави за „Би-Би-Си“ дека семејството се надева оти апсењето може да претставува пресвртница.
„Се надеваме дека оваа истрага сега ќе поттикне и отворање понатамошна истрага за обвинувањата за сексуален напад. И тоа е веќе победа“, порача таа.
Вирџинија Џуфре тврдеше дека Маунтбатен-Виндзор сексуално ја нападнал трипати додека била тинејџерка. Тој постојано ги отфрлаше тие наводи. Случајот во 2022 година беше завршен со вонсудска нагодба, која не вклучуваше признание на одговорност ниту извинување.

