Црна хроника
Маж пронајден починат во близина на своето возило на шумски пат во Струшко

На шумски пат во атарот на струшкото село Делгожда вчера бил забележан починат маж во чија близина се наоѓало неговото превртено возило.
Според информациите од МВР, станува збор за 76-годишно лице со иницијали Т. Д. од струшкото село Ливада.
Увидот на полицијата покажал дека мажот, управувајќи го возилото, изгубил контрола и излетал од патот.
МВР соопшти дека по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ќерка ја истепала мајка си во центарот на Скопје, оштетила и дел од покуќнината

Вчера во 20.30 часот, 61-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината ќерка, 40-годишната М.К. од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца бугарски државјани уапсени на граничниот премин Табановце, кај нив била пронајдена марихуана

Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.
Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна незгода во Дебар

Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.