Македонија
16 починати и 51 нов случај на коронавирус
Во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 84 оздравени пациенти од: Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови. Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.
Направени се 4.060 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-105, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-15, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–67, МАНУ-75, Жан Митрев (Филип Втори)-283, Авицена -447, Биотек-527, Систина-245, лабораторија Лаор-660, Синлаб-97, Ремедика-69, Плодност–66, Генеа–89, Никоб лаб-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 757.
Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68393, Активни 1145
Куманово 8804, Активни 277
Прилеп 8283, Активни 128
Тетово 7201, Активни 109
Битола 6286, Активни 209
Велес 5464, Активни 72
Гостивар 5164, Активни 51
Кавадарци 5150, Активни 40
Охрид 4995, Активни 189
Штип 4956, Активни 53
Струмица 4105, Активни 78
Струга 2978, Активни 72
Кочани 2784, Активни 51
Кичево 2546, Активни 77
Гевгелија 2190, Активни 27
Неготино 2182, Активни 23
Свети Николе 1521, Активни 37
Ресен 1233, Активни 35
Крива Паланка 1219, Активни 7
Радовиш 1149, Активни 59
Берово 1027, Активни 4
Делчево 971, Активни 28
Дебар 939, Активни 6
Виница 879, Активни 50
Пробиштип 789, Активни 14
Валандово 665, Активни 5
Богданци 493, Активни 3
Крушево 489, Активни 23
Демир Хисар 397, Активни 20
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 22
Македонски Брод 358, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 248, Активни 14
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.
Македонија
Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка.
Гаши кажа дека посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена од убедувањето дека ниту една нација не може сама да ја гарантира својата безбедност.

„Северна Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку дела. Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот. Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност“, рече Гаши.
Тој додаде дека Македонија е лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на САД.
„Ние стоиме како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави. Како што има истакнато претседателот Џон Ф. Кенеди: „Им ветуваме лојалност на лојалните пријатели. Бидејќи обединети, има малку нешта што не можеме да ги направиме; поделени, има малку нешта што можеме да ги направиме.“ А децении подоцна, претседателот Џорџ В. Буш го потврди овој двопартиски принцип, потсетувајќи нè дека „за да го обновиме нашето единство, доволно е да се потсетиме на нашите вредности““, рече Гаши.
Во истиот дух, додаде тој, Северна Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. „Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната Трансатлантска алијанса“, рече Гаши.

