Македонија
„Преспафиш“ ја доби концесијата за стопански и рекреативен риболов во Преспанското Езеро
На брегот на Преспанското Езеро во Претор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, на новиот концесионер официјално му го врачија договорот за концесија.
Согласно Законот за рибарство и аквакултура, МЗШВ неодамна објави Јавен повик за доделување концесија, за вршење стопански риболов на риболовното подрачје Преспанско езеро, како и за организирање рекреативен риболов, на рекретативната зона Преспанско езеро.
Формираната комисија спроведе постапка за избор, пришто како најповолен понудувач беше избран субјектот „Преспафиш увоз-извоз ДОО с.Асамати Ресен“.
„Во име на Владата на РСМ, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпишав договорот и денеска еве сме овде, на брегот на Преспанското Езеро, каде официјално му го врачив договорот на новиот концесионер. Со ова започнува шест годишен период на користење на рибите од оваа риболовна вода од страна на концесионерот. Со доделувањето на концесијата пред се ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода како и негово економско користење на одржлив начин. Се надевам на плодна соработка со концесионерот заради остварување на позитивни резултати во областа на рибарството од аспект на користење на рибниот фонд“ изјави министерот Хоџа.
Тој ги потенцираше и обврските кои треба да ги исполни новиот концесионер кој треба да работи на риболовната основа, согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најодговорно да ги спроведува обврските утвредени во договорот за концесија.
Како концесионер за стопански и рекреативен риболов, „Преспафиш“ ќе биде должен да организира рибочуварска служба, преку лиценцирани рибочувари а како обврска во делот на рекреативниот рибплиов, ќе се грижи за обновување на рибниот фонд преку редовно порибување на риболовната вода.
Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски изјави дека доделувањето на концесијата ќе придонесе за одржливо управување со рибниот фонд и за зголемена грижа за зачувување на животната средина, што сериозно ќе помогне во развојот на туризмот на крајбрежјето на Преспанското Езеро.
Министерот Хоџа му честиташе на новиот концесионер Песпафиш и изајви дека очекува одговорно работење кое ќе придонесе и за зачувување на биодиверзитетот на ова езеро, преку управување со риболовното подрачје на одржлив начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

