Македонија
Серафимовска: Заев со универзитетот од Бугарија повторно ја става Македонија во подредена положба
ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одобрението за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија, на територијата на Македонија, Владата повторно ја става Македонија и македонската јавност во подредена положба, односно повторно прифаќа се’ што се бара од Бугарија, токму како и во сите преговори, без соодветен реципроцитет.
„Ние велиме „Да“ за квалитетно образование, „Да“ за влез на квалитетни и високо рангирани светски универзитети кои ќе го подобрат нивото на македонското високо образование, но, според сите релевантни светски листи на рангирање, Универзитетот во Велико Трново е двојно полош од македонскиот УКИМ и за преку илјада места полош од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оттука, каква корист има Република Македонија од отворањето на оваа странска институција? Истовремено, со оваа одлука Владата крши три Закони и тоа: Законот за авторски права и индустриска сопственост, Законот за установите и членови од Законот за трговски друштва“, изјави на прес-конференција, Велика Стојкова Серафимовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека во време кога Министерството за образование и наука задава последователни удари врз образованието и насила воведува таканаречени реформи и нови концепции, акредитирањето на нов Универзитет на кој наставата ќе се одвива претежно на бугарски јазик создава слика дека Мила Царовска и Зоран Заев воопшто не се грижат за македонските национални интереси, напротив продолжуваат да ги распородаваат.
Според опозициската партија, со акредитирањето на овој универзитет, Владата не само што отстапува простор за директно индоктринирање на младите со познатата реторика на Бугарија, туку дополнително го намалува квалитетот на образованието во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите правни субјекти да ја преиспитаат оваа владина одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.

