Свет
Земјите од Латинска Америка бараат правична дистрибуција на вакцини

Шест лидери на земјите од Латинска Америка и на Карибите побараа од меѓународната заедница еднаква достапност на вакцините против коронавирусот повикувајќи ги земјите што имаат најмногу дози да ги споделат со други.
„Ги повикуваме земјите што имаат вишок дози и оние што ги вакцинираа ризичните групи да преземат чекори за распределување на тој вишок праведно и што е можно побргу“, се вели во заедничкото соопштение издадено од претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.
Покрај него, повикот го потпишаа и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, мексиканскиот Андрес Мануел Лопез Обрадор, премиерот на Јамајка, Ендру Мајкл Холнес, боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора, еквадорскиот Гуљермо Ласо Мендоза и уругвајскиот Луис Алберто Лакале Поу.
Од потрошените 1,3 милијарда дози во светот, повеќе од половина биле потрошени во пет земји кои сочинуваат 50 проценти од светскиот домашен бруто-производ (БДП), покажуваат официјалните податоци.
„Никој нема да биде безбеден сè додека сите не бидеме безбедни. Пандемијата може да се запре само кога вакцината ќе стигне до ранливите групи население во целиот свет“, рекоа тие истакнувајќи дека земјите со ниски примања добиле само 0,3 проценти од светските дози.
Пет земји од Латинска Америка се меѓу десетте земји во светот со најмногу заразени на 100.000 жители во последните две недели – Уругвај, Аргентина, Костарика, Парагвај и Колумбија, покажуваат податоците собрани од АФП.
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, веќе објавија слични повици за еднаков пристап до вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.
Свет
ОН алармира: Децата во Газа ќе почнат да умираат од жед

УНИЦЕФ предупреди во Женева дека Појасот Газа се соочува со недостиг на вода.
„Децата ќе почнат да умираат од жед… Само 40 проценти од инфраструктурата за вода за пиење е функционална“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите.
„Ние сме далеку под кризните стандарди кога станува збор за вода за пиење…“
УНИЦЕФ, исто така, изјави дека бројот на деца на возраст од шест месеци до пет години примени на лекување од неухранетост во Појасот Газа се зголемил за 50 проценти од април до мај и дека половина милион луѓе гладуваат.
УНИЦЕФ го обвини Хуманитарниот фонд за Газа, поддржан од САД, за влошување на ситуацијата со дистрибуцијата на храна.