Македонија
Царовска за реформите: Нема силна држава без квалитетно образование
Kако Министерство и како Влада ќе покажеме дека нашите деца имаат еднаков потенцијал како и децата од развиените земји, кои постигнуваат високи резултати на меѓународните тестирања, порача денеска министерската за образование, Мила Царовска, при посетата на основното училиште „Исмаил Ќемали“ во скопски Чаир, каде што локалната самоуправа во соработка со АД МЕПСО обезбеди 19 паметни табли.
„За да имаме квалитетно образование, потребни се добри, квалитетни и современи наставни програми, обучен и квалитетен наставен кадар и инвестиција во инфраструктура и опрема во училиштата и на сето ова интензивно и посветено работиме. Може да се види дека повеќето од општините интензивно инвестираат во нова дидактика, во нови материјали – табли, таблети, компјутери, како и во нови наставни материјали, кои им се потребни, за да имаме современо образование“, рече министерката додавајќи дека нема силна држава без квалитетно образование.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека инвестицијата во вредност од 1,6 милион денари е важна за квалитетен образовен процес според современи стандарди.
„Светот бргу се отвора кон дигитализација. Инвестициите во училиштатата, следствено на тоа и во знаењето, се највредната работа што може да ја направиме како општина“, рече Ганиу.
За генералниот директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, инвестицијата во паметни табли е помош за учениците, кои треба да се насочуваат кон иновативните паметни технологии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

