Македонија
Матарела се залага за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Рим оствари средба со италијанскиот колега Серџо Матарела.
На средбата двајцата претседатели разговарале за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што нагласиле дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба.
„Соговорниците разговараа за најновите случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија во однос на нашите евроинтеграции“, информираат од претседателскиот кабинет.
Пендаровски и Матарела констатирале дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет и порачале дека е неопходно што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски утре ќе има аудиенција кај [оглаварот на Римокатоличката црква, pапата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Потоа, Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, а во попладневните часови, заедно со бугарскиот претседател, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

