Македонија
Арсовски: Се барале 250.000 евра во кеш за Вице или „СВ инвест“ да врши 50 отсто од ископот во РЕК „Битола“
Ако некогаш се сомневавте зошто сме на 111. место во светот по корупција, одговорот е затоа што Вице Заев, Зоран Заев, Васко Ковачевски, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и уште многу други се на слобода и ја користат формалната и неформалната моќ за рекетирање бизнисмени, oбвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Накусо, она што го видовме во пријавата, фирмата ‘Рубитон’ добива работа од РЕК ‘Битола’, Васко Ковачевски и Стојан Чифлигароски од нив бараат да им дадат половина работа од тендерот на ‘СВ инвест’, која е во сопственост на Чифлигароски, што не е законски, потоа бараат да им го дадат целиот тендер на ‘СВ инвест’, што исто така не е законски, за потоа да бараат лично да се однесат 250.000 евра во кеш во ‘Вила Парк’ во Струмица, директно на Вице Заев. За на крајот, големиот рекетар Вице Заев, братот на премиерот Заев, да се изнервира и да им се налути на сопствениците на ‘Рубитон’ по што насилно РЕК ‘Битола’ го брка ‘Рубитон’ и им прави штета од над половина милион евра и на крајот работата во договор во четири очи да ја земе ‘СВ инвест“’, го образложи случајот портпаролот на опоизциската партија.
Арсовски обвини дека се одело до таму да се фалсификуваат и менуваат официјални документи од пријавата на оштетените од фирмата „Рубитон“, со цел, како што рече, да се избрише името и да се спаси братот на премиерот.
„Јавното обвинителство со ваков очигледен случај, ако сѐ уште молчи и уште денес не отвори случај за овие 2 криминални дела, уште еднаш ќе потврди дека е само нем послушник и соработник на крими-картелот Заеви“, порача Арсовски.
Според него, горенаведените ликови веќе требало да бидат повикани во Обвинителството да дадат искази и за нив да се водат соодветни процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Македонија
Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев. Филипче делува по насока на Заев, потврда за тоа е изборот на лојални кадри блиски до Заев и поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата“. велат од партијата.
И додека Филипче ја турка СДС во лидерска криза, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство.
„Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. Единствен чекор со кој може да ја спаси партијата од дополнително раслојување е оставка и целосна внатрешна реформа низ транспарентен и демократски процес. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата
„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер“, велат од Владата.
„Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно.
850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите.
Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.
Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека пак подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година. Условите за аплицирањето се објавени на веб сајтот на Влада.
Линкот е јавно достапен и можат да аплицираат сите студенти: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi
Ги повикуваме студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено.
Владата продолжува посветено да реализира мерки за студентите.
Студентите се иднината на Македонија и наша обврска како Влада е да им обезбедиме пристојни услови за студирање преку низа на мерки кои значат квалитетно образование“, се наведува во соопштението на Владата.

