Забава
Лејди Гага ја презакажа светската турнеја за 2022 година

Светската турнеја на поп ѕвездата Лејди Гага, The Chromatica Ball, се одложи за идната година.
Датумите за турнејата како поддршка на нејзиниот албум „Хроматика“ од 2020 година повторно се сменети поради глобалната здравствена криза. Овој албум требаше да има концертна промоција веднаш по неговото објавување во мај минатата година.
Турнејата вклучуваше концерт на стадионот Tottenham Hotspur во северен Лондон, потоа во Париз и неколку концерти во Северна Америка.
Сепак, соопштението до фановите кои веќе купиле билети гласи: „Иако некои делови од светот брзо се отвораат, други сè уште не се подготвени. Значи, сè додека не бидеме во состојба да ги потврдиме датумите на глобално ниво, мораме да ги одложиме концертите Chromatica Ball за летото 2022 година.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Омилената кралица има совршен фустан што одговара на секоја жена

Кралицата Летиција од Шпанија се смета за дама со стил и вкус. Нејзините комбинации се карактеризираат со отсуство на претерани детали, но и со минималистички крој.
Имавме можност неколку пати да ги видиме нејзините феноменални комбинации, особено летните, а сега таа покажа дека дури и најобичната облека може да биде дел од голем настан.
Една од најубавите кралици во светот неодамна присуствуваше на конференција за ментално здравје во Мадрид, а за таа пригода одлучи да носи црвен фустан.
Таа блескаше во едноставен макси фустан украсен со кратки ракави и прав крој. Фустанот има благ струк, и поради таа причина може да се прилагоди на секоја женска форма на тело.
За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за црвена чанта и рамни сандали кои совршено одговараа на нејзината монохроматска облека.
Ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а шминката беше во нежни бои кои само малку ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ му кажа збогум на летото, па објави секси фотографии на интернет

Откако се разведе од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ не престанува со објавите на социјалните мрежи. Често објавува идилични фотографии од своите патувања, а понекогаш ја скокотка имагинацијата со своите атрактивни комбинации.
Во текот на летото имавме можност да ја видиме во секси бикини, но и во фустани што „мирисаат“ на топли денови. Сепак, сега таа одлучи да го затвори тоа поглавје и со објава на Инстаграм се збогува со летото.
Ана сподели серија фотографии од тенискиот терен, но овој пат и една фотографија во елегантен летен фустан.
„Прекрасни спомени под италијанското сонце. Ви благодарам за ова искуство“, напиша Ана во описот на објавата.
Фотографиите ја прикажуваат српската тенисерка во луксузната околина на Италија, но и со препознатлива насмевка што со години ги освојува срцата на публиката низ целиот свет.
Забава
(Фото) Мини фустанчето го запали интернетот – а сите гледаат само во нејзините нозе

Пејачката Дуа Липа често привлекува внимание од јавноста – особено на социјалните мрежи, каде што споделува интересни содржини од нејзината приватна и деловна средина.
Таа објави серија атрактивни фотографии на Инстаграм во стајлинг кој многумина ги потсети на лудите шеесетти години. За фотосесијата носеше мини фустан направен од метални плочи потпишани од францускиот бренд за висока мода „Rabanne“.
Креацијата, чија цена е 2.221 долари (приближно 1.918 евра), е украсена и со V-изрез во златни и сребрени тонови кои совршено ја нагласуваа нејзината женственост.
Впечатливите златни обетки – преголем моден додаток кој го носи потписот на брендот „Schiaparelli“ не треба да се изостават. Цената на овој додаток е 4.460 долари (приближно 3.848 евра) и може да се каже дека совршено се вклопува со овој изглед.
За да го комплетира стајлингот, Липа додаде црни сандали „Gucci“ со високи бамбусови потпетици кои ги истакнуваа нејзините витки нозе. Кога станува збор за начинот на шминкање, таа се одлучи за земјени тонови, или поточно, поприродна шминка.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – високо крената.
фото: принтскрин