Забава
Прекинато снимањето на воената драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг

Снимањето на новата минисерија драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг е ставено на чекање откако еден од главните протагонисти бил позитивен на тестот за Ковид-19.
Според весникот „Сан“, повеќе членови на актерскиот и техничкиот тим на драмата од Втората светска војна, Masters of the Air („Господари на воздухот“), која Хенкс и Спилберг ја продуцираат заедно со Кери Фукунага, биле принудени да се самоизолираат заедно со неименуваниот главен актер.
Весникот додава дека сите биле многу лути бидејќи актерот се заразил со вирусот надвор од продукцијата, односно дека не ги почитувал препораките за заштита кога немал снимање.
„Сите се многу бесни. Се разбира дека лицето што фатило Ковид го добило надвор од продукцијата. Но секако, тоа значи дека другите мора да се самоизолираат наредниов период“, рекол инсајдерот.
Снимањето на серијата драма на „Епл ТВ плус“ се одвиваше на две локации во Велика Британија – Абингдон Еарфилд во Оксфорд и Њуленд Парк во Бакингемшир.
„Господари на воздухот“ ја следи личната историја на американски и британски бомбардери кои се бореле против војската на Хитлер за време на Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Обожавателите и се потсмеваа на прекрасната бринета: „Изгледа како алуминиумска фолија“

Актерката Дакота Џонсон е позната како дама која обожава да се облекува секси, а да не зборуваме за ризични модни комбинации.
Сепак, таа неодамна го шокираше светот избирајќи фустан кој е многу сличен на еден предмет што често го користиме во нашите домови.
Имено, Дакота присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, а фустанот привлече внимание, секако. Познатата убавица одлучи да носи сребрена креација од модната марка „Гучи“.
Макси фустанот има отворени рамена и специфична металик нијанса. Фустанот предизвика поплава од коментари, а многу корисници дури го споредија и со алуминиумска фолија.
Коментари како: „Изгледа како тортиља завиткана во фолија“, „Каква е ова фолија од фустан?“, „Изгледа убаво дури и во фолија“, „Изгледа како алуминиумска фолија“, беа забележливи на социјалните мрежи.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за природни нијанси на шминка, дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
фото: принтскрин
Забава
Кој конечно ќе ја пронајде својата љубов од соништата оваа есен?

Оваа есен, ако им се верува на астролозите, Купидон ќе ги насочи своите стрели кон три хороскопски знаци и ќе им донесе љубов што конечно ќе им ги исполни срцата.
За три среќни хороскопски знаци, љубовта ќе процвета, а ангелот на љубовта ќе се погрижи оваа романса да им донесе вистински моменти на среќа. Нивните судбини ќе бидат испреплетени со нови емоции и врски што ќе им донесат радост и исполнетост.
Близнаци
Оваа есен, Близнаците ќе сретнат некого кој целосно ќе им го промени погледот кон љубовта. Старите врски и минатите предизвици ќе бидат заборавени, а нивните срца ќе се отворат за нова љубов. Сепак, важно е да не ги заборават своите приоритети за да го извлечат најдоброто од оваа врска.
Девица
Девицата конечно ќе ја преземе контролата врз своите животи, отфрлајќи ги илузиите и старите навики. Во втората половина на есента, ќе се појави личност која ќе донесе ново значење во нивните животи. Она што започнува како лежерна врска може да прерасне во нешто многу подлабоко, а Девицата конечно ќе се почувствува како да е на вистинското место, со вистинската личност.
Риби
Рибите ќе поминат низ процес на самоприфаќање. Кога повторно ќе се засакаат себеси и ќе стекнат самодоверба, ќе почнат да привлекуваат луѓе со својата посебна енергија. Нивната интуиција ќе им помогне да ја препознаат вистинската личност за нив, а љубовта ќе процвета кога конечно ќе научат да го слушаат своето срце.
Оваа есен носи можност за длабоки емоции и нова романса, а ангелот на љубовта ќе се погрижи секој од овие хороскопски знаци да ја почувствува вистинската магија на љубовта.
фото: принтскрин
Забава
За крај на летото: жената-мачка ги почести фановите со жешки фотографии во бикини

Иако во изминатите неколку недели имавме можност да уживаме во атрактивните сцени на актерката Хали Бери, сега на сето тоа му дојде крајот. Таа мораше да се врати на своето секојдневие и да се збогува со шармот на една егзотична дестинација.
Сепак, таа не сакаше да „замине без да се збогува“, па затоа направи неколку незаборавни фотографии кон крајот.
Таа сподели две објави на Инстаграм, а фотографиите во различни дизајни на бикини го привлекоа вниманието на сите.
Познатата убавица не се срамеше да ја покаже својата завидна фигура и со тоа да го привлече вниманието на светот на Инстаграм. Коментарите, како што се: „Прекрасна си“, „Каква жена“. „Го обожавам твојот изглед“, беа, и тоа како, забележливи.
фото: принтскрин