Македонија
Маричиќ: Медијацијата треба да ги растовари судовите

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Медијација – за нова култура во решавањето на споровите“ кажа дека медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите треба да ги растовари судовите од натрупување со предмети.
Според министерот, со новиот Закон за медијација, кој веќе ја помина владината процедура, дополнително ќе се зацврсти улога на медијаторите и ќе ја зголеми довербата на странките во постапката.
„Статистиката покажува дека вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година не достигнувала ниту до трицифрен број, но од 2017 година почнува да се забележува драстична разлика. Веќе во 2020 година медијаторите прикажаа внес на 1943 предмети во регистарот за евиденција на постапките за медијација на Министерството за правда, од коишто 65% или 1275 завршиле со спогодба. Цел на Министерството за правда е овој процент дополнително да се зголемува, а Северна Македонија да биде регионален лидер кога станува збор за спорови решени по пат на медијација“, истакна Маричиќ.
Министерот во своето обраќање ја истакна важноста на алтернативно решавање на споровите и дека медијацијата несомнено може да донесе голем број придобивки во едно општество: побрзо решавање, значително помали трошоци за решавање на споровите, но и растоварено судство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар